Виена
главен град на Австрија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Виена (германски: Wien) — главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена е главен град на Австрија, со население од 1,7 милиони[3] (2,3 милиони во метрополитенската област, повеќе од 25% од населението на Австрија) и моментално е најголемиот град во државата и нејзин културен, економски и политички центар. Градот е десетти по големина во Европската Унија. Виена, како центар на Австрија, која во текот на студената војна се сметаше за неутрална земја [4], е домаќин на голем број меѓународни организации како што се Обединетите Нации и ОПЕК.
Виена Wien | |||||
---|---|---|---|---|---|
од лево кон десно и одгоре надолу: Градски дом, дворец Шенбрун, Ризенрад, Државна опера, Катедрала Свети Стефан, Уметничкоисториски музеј, Штефанплац, Захер торта, Споменик на Јохан Штраус, Сецесија, Донау Сити, Дом Хундертвасер | |||||
| |||||
Местоположба на Виена во Австрија | |||||
Координати: 48°12′32″N 16°22′21″E | |||||
Country | Австрија | ||||
Држава | Виена | ||||
Управа | |||||
• Градоначалник | Михаел Хојпл (СПА) | ||||
• Заменик-градоначалник | Марија Василаку (Зелени) | ||||
Површина | |||||
• Градска | 414,65 км2 (16,010 ми2) | ||||
• Земјишна | 395,26 км2 (15,261 ми2) | ||||
• Вода | 19,39 км2 (749 ми2) | ||||
Надм. вис. | {{Пб/Грешка во изразот: Неочекуван оператор (
|1=Грешка во изразот: Неочекуван оператор (}}151 (Лобау) – 542 (Херманскогел) м | ||||
Население (2011) | |||||
• Градско | 1.731.236 ▲ | ||||
• Густина | 4.002,2/км2 (103,660/ми2) | ||||
• Градскo | 1.983.836 | ||||
• Метро | ca. 2.419.000 | ||||
Statistik Austria,[1] VCÖ – Mobilität mit Zukunft[2] | |||||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Мреж. место | www.wien.gv.at | ||||
Службен назив: Историски центар на Виена | |||||
Тип: | Културно | ||||
Критериуми: | ii, iv, vi | ||||
Прогласено: | 2001 (XXV заседание) | ||||
Број | 1033 | ||||
Виена се наоѓа во источна Австрија, блиску до Словачка, Чешката Република и Унгарија. Овие региони работат заедно во централниот европски граничен регион. Поради нејзината близина со Братислава, Виена образува метрополитански регион од 3 милиони граѓани. Во 2001 година, центарот на градот стана дел од Светското Наследство на УНЕСКО.[5]
Во една студија од 2005 година, помеѓу 127 светски градови, градот Виена заедно со Ванкувер се наоѓа на прво место според квалитет на животот.[6] Ова го потврдиле и студиите на Mercer Survey во 2009 и 2010 година.[7][8] Исто така, градот бил рангиран на првото место според културата и иновацијата во 2007 и 2008, и на второ место, глобално во 2009, според мислењата на анкетирани граѓани на прашања кои содржеле 162 индикатори, вклучувајќи ги културата, инфраструктурата и др.[9] Виена редовно е домаќин на конференции за урбано планирање.[10]
Според магазинот Monocle, градот зазема високи места според стандардите за живеење, односно се наоѓа на петтото место во 2010.[11]