Ерфурт
Главен град на покраината Тирингија во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерфурт (германски: Erfurt) — главен град на Тирингија и е еден од поголемите градови блиску до географскиот центар на Германија, сместен на 100 километри југозападно од Лајпциг, 150 километри северно од Нирнберг и 180 километри југоисточно од Хановер. Заедно со соседните градови Вајмар и Јена ја создава средишната метрополитенска област на Тирингија со над половина милион жители. Познати институции во Ерфурт се Сојузниот суд за труд на Германија, Универзитетот Ерфурт и Високата школа Ерфурт, како и Римокатоличната епископија Ерфурт со Ерфуртската катедрала како една од главните знаменитости. Други познати згради се Кремербрике (Krämerbrücke), мост целосно покриен со градби и најстарата синагога, која сè уште постои во Европа, изградена во 11 век. Средновековниот центар на градот се состои од стари фахверк куќи и околу 25 готски цркви.
Ерфурт | ||
Катедралата и Северикирхе во Ерфурт | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Тирингија | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 53 окрузи | |
Градоначалник | Андреас Баузевајн (СДП) | |
Владејачки партии | SPD / Левица / Зелени | |
Основни податоци | ||
Површина | 269,17 км2 | |
Надм. височина | 200 м | |
Население | 213.692 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 794 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | EF | |
Пошт. бр. | 99001-99198 | |
Повик. бр. | 0361 | |
Портал | erfurt.de | |
Местоположба на градот Ерфурт во Тирингија | ||
Координати | 50°59′0″N 11°2′0″E |
Ерфурт бил првпат споменат во 742, кога Свети Бонифациј ја основал епископијата. Иако политички градот не припаѓал на една од тириншките држави, брзо станал економски центар на регионот. До времето на Наполеон бил дел од Електоратот Мајнц, а потоа припаѓал на Прусија до 1945. Универзитетот бил основан во 1392, затворен во 1816 и повторно основан по повторното обединување на Германија во 1994. Кога бил отворен бил трет универзитет во Германија, но некои документи посочуваат дека постоел од 1379 и поради помеѓу историчарите се води дебата дали универзитетот е најстар во Германија. Мартин Лутер бил најпознат студент на универзитетот.
Економијата на градот се состои од администрацијата, услугите и индустријата за микроелектроника. Поради средишната положба во Германија, Ерфурт станал важно место за логистика во Германија и Средна Европа во текот на последниве години. Друга традиционална стопанска гранка е хортикултурата. Ерфурт го поседува вториот најголем саем (по Лајпциг) во источна Германија и е важен јазол во железничкиот и патниот сообраќај. Јавниот телевизиски канал за деца KiKa е сместен во Ерфурт.
Градот се наоѓа во јужниот дел на Тириншката Котлина, во рамките на долината на реката Гера.