Вајмар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вајмар (германски: Weimar) — град во Германија, познат по неговото културно наследство. Се наоѓа во сојузната покраина Тирингија (германски: Thüringen), северно од Тириншката Шума, источно од Ерфурт и југозападно од Хале и Лајпциг. Најстарите податоци за градот потекнуваат од 899. Вајмар бил главен град на Војводството (по 1815 Големо Војводство) Саксо-Вајмар (германски Sachsen-Weimar).
Вајмар | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 12 окрузи |
Градоначалник | Штефан Волф (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 84,26 км2 |
Надм. височина | 208 м |
Население | 65.098 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 773 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WE |
Пошт. бр. | 99401–99441 |
Повик. бр. | 03643, 036453 |
Портал | www.weimar.de |
Местоположба на градот Вајмар во Тирингија | |
Координати | 50°59′0″N 11°19′0″E |
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | културно: iii, vi |
Навод | 846 |
Запис | 1998 (22. заседание) |
Културното наследство на Вајмар е огромно. Најчесто е препознаван како место каде бил потпишан првиот демократски устав на Германија по Првата светска војна, давајќи го своето име на Вајмарската Република во периодот од 1918–1933. Меѓутоа, градот бил исто така клучна точка во германското преродбеништво и дом на водечките личности во литературата на Вајмарскиот класицизам, писателите Гете и Шилер. Музичарот Карл Филип Емануел Бах е роден тука. Градот бил исто така родно место на движењето Баухаус, основано во 1919 од Валтер Гропиус, со уметниците Василиј Кандински, Паул Кле, Оскар Шлемер и Лионел Фејнингер, кои предавале во Баухаус школата во Вајмар. Многу места во центарот на градот се означени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО.