Еритреја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еритреја — држава што се наоѓа во Источна Африка. Таа се граничи со Судан на запад, Етиопија на југ и со Џибути на југоисток. На исток и североисток оваа земја има голема брегова линија на Црвено Море, преку кое се поврзува со Јемен и Саудиска Арабија. Таа зафаќа површина од 120.538 км2. Даклаковиот Архипелаг и неколку од Ханишките Острови се во делот на Еритреја.
Државата Еритреја Hagere Ertra ሃገረ ኤርትራ دولة إرتريا Dawlat Iritriya Stato dell' Eritrea |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Ertra, Ertra, Ertra Еритреја, Еритреја, Еритреја |
||||||
Главен град (и најголем) | Асмара 15°20′N 38°55′E | |||||
Службен јазик | ниту еден на национално ниво1 | |||||
Демоним | етриец | |||||
Уредување | Унитарна еднопартиска претседателска република под тоталитарната диктатура | |||||
• | Претседател | Исајас Афеверки | ||||
Независност | ||||||
• | од Италија | ноември 1941 | ||||
• | од Етиопија де факто | 24 мај 1991 | ||||
• | од Етиопија де јуре | 24 мај 1993 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 117,600 км2 (100-та) | ||||
• | Вода (%) | нема податоци | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 5,771,445 (105-та) | ||||
• | Попис 2003 | 4,997,330 | ||||
• | Густина | 51.8 жит/км2 (154-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | $7 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $1.835[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | $4.947 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $271[1] | ||||
ИЧР (2023) | ▬ 0.459[2] низок · 180-та |
|||||
Валута | Накфа (ERN ) |
|||||
Часовен појас | EAT (UTC+3) | |||||
• | (ЛСВ) | нема податоци (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .er | |||||
Повик. бр. | 291 | |||||
1. | Работни јазици: тигриња, арапски, англиски , . италијански доста се зборува. |
Еритреја беше прогласена за италијанска колонија на 1 јануари 1890 година. По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, таа беше Британски протекторат помеѓу 1941 – 1952 година. Обединетите Нации во 1952 предложија таа да биде во федерација со Етиопија. Царот Хајле Селасие I предложил Еритреја да биде 14-та покраина на Етиопија. Тоа предизвикало големо незадоволство кај еритрејскиот народ и триесетгодишна војна што траела од 1961 до 1991 година. Обединетите Нации после војната предложија Еритреја да прогласи независност во 1993 година и со тоа таа создаде влада во 1997 година. Еритреја влезе во повторен конфликт со Етиопија поради маркацијата на границите во мај 1998 година.
Еритреја е претседателска република во која постои само една партија. Таа е мултикултурна земја со две доминантни религии, Ориентална Православна Христијанска и Сунитска Исламска во девет етнички групи. Земјата нема службен јазик, но има три работни јазици и тоа тигриња, арапски и англиски јазик, а постарата генерација знае да зборува италијански јазик.