Бруклин
реон од градот Њујорк / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бруклин — најнаселениот од петте реони во Њујорк, со околу 2,5 милиони жители и е втор по големина во областа. Од 1896 година, Бруклин ги има истите граници како округот Кингс, која сега е најнаселената област во државата Њујорк и второ најгусто населена област во САД, после Менхетен. Бруклин исто така е најзападната област на Лонг Ајленд. Денес, доколку би бил независен град, Бруклин би се рангирал на четврто место по бројот на население во САД, веднаш зад Лос Анџелес и Чикаго.[1]
Бруклин | |
---|---|
Округ на Њујорк | |
Поглед на Бруклинскиот мост и Бруклин | |
Прекар(и): БК | |
Гесло: Taking it! | |
Местоположбата на Бруклин прикажана во портокалово | |
Координати: 40°37′29″N 73°57′8″W | |
Земја | САД |
Држава | Њујорк |
Округ | Кингс |
Град | Њујорк |
Населен | 1634 |
Наречено по | Брекелен, Холандија |
Управа | |
• Вид | Округ (Њујорк) |
• Окружен претседател | Марти Марковиц (Д) — (Округ Бруклин) |
• Окружен обвинител | Чарлс Хајнс — (Округ Кингс) |
Површина | |
• Вкупна | 25.100 км2 |
• Земјишна | 18.290 км2 |
• Вода | 6.810 км2 |
Население (2012) | |
• Вкупно | 2,565,635 |
• Густина | 14.037/км2 |
• Демоним | Бруклинци |
Поштенски код | 112 + 2 |
Бруклин бил независен град сè до 1 јануари 1898 година, кога во согласност со Повелбата на "Поголемиот Њујорк", Бруклин бил консолидиран со другите реони за да се формира современиот "Њујорк сити". Бруклин продолжува да одржува посебна култура. Многу населби во Бруклин се етнички енклави во кои одредени етнички групи и култури доминираат. Официјалното мото на Бруклин е Eendraght Maeckt Maght, напишано на холандски јазик, што во превод значи "Единството прави сила". Мотото е прикажано на печатот и знамето на округот. Официјалните бои на Бруклин се сина и златна[2].