Њујорк (сојузна држава)
сојузна држава во САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Њујорк (англиски: New York) — сојузна држава во североисточниот регион на САД. Таа е трета по ред најнаселена држава. Се граничи со Њу Џерси и Пенсилванија на југ и со Конектикат, Масачусетс и Вермонт на исток. Државата по поморска граница се граничи со Род Ајленд, источно од Лонг Ајленд, како и со канадската покраина Онтарио на север и запад и Квебек на север.
Њујорк State of New York | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | нема | ||||||||||
Главен град | Олбани | ||||||||||
Најголем град | Њујорк | ||||||||||
Површина | 27. место | ||||||||||
- Вкупно | 141 205 км² | ||||||||||
- Широчина | 455 км | ||||||||||
- Должина | 530 км | ||||||||||
- % вода | 13,3 | ||||||||||
- Гео. ширина | 40° 30′ N до 45° 1′ N | ||||||||||
- Гео. должина | 71° 51′ W до 79° 46′ W | ||||||||||
Население | 3. место | ||||||||||
- Вкупно | 18 976 457 | ||||||||||
- Густина | 155,18/км² (6. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Мерси[2] 1 629 м | ||||||||||
- Најниска точка | Атлантски Океан[2] 0 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 26 јули 1788 (11) | ||||||||||
Гувернер | Ендру Куомо | ||||||||||
Сенатори | Чак Шумер Кристен Гилбренд | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||||
Кратенки | NY US-NY | ||||||||||
Портал | www.ny.gov |
Градот Њујорк, со население повеќе од 8.000.000 жители, е најнаселениот град во САД. Познат е според статусот на финансиски, културен, транспортен и производствен центар, па и според неговата историја како порта за имиграција во соединетите држави. Според министерството за трговија на САД, Њујорк е често изборно одредиште на многу странски посетители. И државата и градот биле именувани според „Војводата од Јорк“ од XVII век, Џејмс Стјуарт, подоцнежниот Џејмс II и VII од Англија и Шкотска.
Во времето кога холандските доселеници се преселувале во регионот, во раните години од XVII век, Њујорк бил населен од групи на американски староседелци како Алгонкинци, Ирокези и Ленапи. Во 1609, регионот бил заземен од Хенри Хадсон за Холанѓаните. Тврдината Насау била изградена во 1614 во близина на денешниот главен град Олбани. Набрзо, Холанѓаните се населиле и во Нов Амстердам и делови од речната долина Хадсон, основајќи ја колонијата на Нова Холандија. Британците, со анексија, ја презеле колонијата во 1664.
Границите на Британската колонија, покраината на Њујорк, биле приближно слични со оние на денешната држава. Околу една третина од сите битки во Американската револуционерна војна се одвивале во Њујорк. Њујорк станалa независна држава на 9 јули 1776, а уставот го донела во 1777. Државата го ратификувала уставот на соединетите држави на 26 јули 1788, со што се вброила како единаесетта држава во унијата.