Вермонт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вермонт (англиски: State of Vermont) — сојузна држава во североисточниот дел на САД. Главен град е Монтпилиер.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вермонт State of Vermont | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | Нема | ||||||||||
Главен град | Монтпилиер | ||||||||||
Најголем град | Берлингтон | ||||||||||
Површина | 45. место | ||||||||||
- Вкупно | 24 923 км² | ||||||||||
- Широчина | 130 км | ||||||||||
- Должина | 260 км | ||||||||||
- % вода | 3,8 | ||||||||||
- Гео. ширина | 42° 44′ N до 45° 1′ N | ||||||||||
- Гео. должина | 71° 28′ W до 73° 26′ W | ||||||||||
Население | 49. место | ||||||||||
- Вкупно | 608 827 | ||||||||||
- Густина | 25,41/км² (30. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Маунт Мансфилд[1] 1,340 м | ||||||||||
- Најниска точка | Чамплен[1] 29 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 4 март 1791 (14) | ||||||||||
Гувернер | Питер Шумлин (Д) | ||||||||||
Сенатори | Патрик Лихи (Д) Берни Сендерс (И) | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||||
Кратенки | VT US-VT | ||||||||||
Портал | www.vermont.gov |
Вермонт се наоѓа во областа Нова Англија, на северозападната страна на САД. По големината на површината Вермонт по ред е 43 држава во Америка со 24 000 км² . Населението во Вермонт според пописот во 2010 година изнасува 630 337 жители и е втората најмала земја во САД, поголема е само од Вајоминг. Ова е единствената држава на Америка која не се граничи со Атлантскиот Океан. Езерото Чамплеин ја зафаќа половината од западната граница на Вермонт, кој ја дели границата со Њујорк. На југ Вермонт се граничи со Масачусетс, на исток со Њу Хемшир, на запад со Њујорк и на север со Канадската провинција Квебек. Вермонт е населен од две поголеми Американски племиња (алгонкинско племе кое зборувало на јазикот Абенаки и племето Ироквис), поголемиот дел од територијата на денешен Вермонт била освоена од Франција во раниот колонијален период. Многу години, блиските колонии, особено Њу Хемшир и Њујорк, ја имаа контролата врз територијата (тогаш викана Њу Хемшир Грантс). Доселениците кои живееја на таа територија се изборија и создадоа една независна држава – Република Вермонт. Таа беше создадена во 1777 година за време на Револуционерната војна и постоеше четиринаесет години. Вермонт е една од седумнаесетте Американски држави (заедно со Тексас, Хаваи, Република Калифорнија и секоја од Тринаесетте колонии) која имаше монархистичка влада. Во 1791 година Вермонт им се придружи на Соединетите Американски Држави како четиринаеста земја, прва која беше надвор од Тринаесетте колонии. Таа не го поддржуваше ропството додека беше независна и по влегувањето во Унијата стана првата земја која го направила тоа. Вермонт е најголем производител на јаворов слад во Америка. Главен град на државата е Монтплие, кој со 7 885 население е најненаселениот главен град во Америка. Најмногу населен град е Барлингтон, чијашто населеност изнесува 211 261 жител. Барлингтон се наоѓа во срцето на Округот Читенден чиешто население изнесува 160 000 жители според пописот во 2010 година.