Зелен ’Рт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зелен ’Рт[7] (португалски: Cabo Verde) или официјално Република Зелен ’Рт (República de Cabo Verde) — независна островска држава во Атлантскиот Океан на околу 570 километри оддалеченост од Западна Африка. Островите, кои заземаат вкупна површина од нешто повеќе од 4.000 км2, се со вулканско потекло. Три острови, Сал, Боа Виста и Мајо, се рамни и песокливи острови, додека останатите се карпести и имаат повеќе вегетација. Поради слабата врнежливост, островите не се покриени со зелена вегетација, иако името тоа го налагаат.
Република Зелен ’Рт República de Cabo Verde (португалски) Repúblika di Kabu Verdi (креолски) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло:
|
||||||
Химна: Cântico da Liberdade (португалски) („Песна на слободата“) |
||||||
Местоположбата на Зелен ’Рт (темносина) во Африканската Унија (светлосина) — [Легенда] |
||||||
Главен град (и најголем) | Праја 14°55′N 23°21′W | |||||
Службен јазик | португалски[1] | |||||
Национален јазик | креолски[1] | |||||
Демоним | зелено’ртјанец | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска република[2] | |||||
• | Претседател | Хосе Марија Невес | ||||
• | Премиер | Улисес Кореија е Силва | ||||
Законодавство | Национално собрание | |||||
Независност | од Португалија | |||||
• | Доделена | 5 јули 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 4,033 км2 (166.) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2021 г. | 483,628 (172.) | ||||
• | Попис 2016 | 539,560[3] | ||||
• | Густина | 123.7 жит/км2 (89.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупен | $4,323 мил. | ||||
• | По жител | $7,728[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | $2,042 мил. | ||||
• | По жител | $3,651[4] | ||||
Џиниев коеф. (2015) | 42.4[5] среден |
|||||
ИЧР (2019) | ▲ 0.665[6] среден · 126. |
|||||
Валута | Зелено’ртско ескудо (CVE ) |
|||||
Часовен појас | CVT (UTC-1) | |||||
Датумски формат | дд/мм/гггг | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .cv | |||||
Повик. бр. | +238 |
Зеленио'ртските Острови биле ненаселени, но во 15 век на островите се доселиле и го колонизирале Португалците. Со тоа, островите станале важен трговски пат во Атлантскиот Океан. Развојот на островите привлекле пирати, меѓу кои и Франсис Дрејк. Исто така, островите биле посетени и од Чарлс Дарвин во 1832 година. Зелениот 'Рт била важна точка за ропството, но со падот на истото островите се соочиле со економска криза. Со мали природни резерви и со слаба португалса ивестиција, месното население стабало незадоволно од колонијалните власти, кои пак не сакале да дадат поголема автономија на островите. Ова незадоволство кулминирало во 1975 година, кога се основало движењето за независност предводено од Амилкар Кабрал и со тоа островите станале независна држава.
Поради тешките економски прилики во државата за време на колонијалниот период, голем број Зелено'ртци мигрирале во Европа, Америка или во Африка. Овој феномен на миграција бил толку силен што денес има повеќе Зелено'ртци во странство одошто во самата држава. Денес, економијата на Зелениот 'Рт се заснова на услугите, со зголемен фокус на туризмот и странските инвестиции.
Вкупното население на државата изнесува околу 500.000 жители, од кои најбројни се луѓето со африканско креолско потекло. Главен град на државата е Праја и во него живеат околу четвртина од населението. Околу 38% од населението живее во руралните области, а околу 20% живеат во сиромаштија[8] со просек на писменост од 85%. Политички, државата е стабилна демократија со значаен економски развој и подобрување на условите за живот и покрај недостатокот на природни резерви. Со тоа, од 2007 година, Зелениот 'Рт се смета за земја во развој.