Луизијана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија е за сојузната држава на САД Луизијана. За територијата Луизијана наречена во чест на Луј XIV кликнете тука.
Луизијана State of Louisiana État de Louisiane | |
Службен јазик | Нема de facto: англиски & француски |
Говорени јазици | Англиски 91,2%, француски 4,8%, креолски, кажунски |
Главен град | Батон Руж |
Најголем град | Њу Орлеанс[1][2] |
Површина | 31. место |
- Вкупно | 134 382 км² |
- Широчина | 210 км |
- Должина | 610 км |
- % вода | 16 |
- Гео. ширина | 28° 56′ N до 33° 01′ N |
- Гео. должина | 88° 49′ W до 94° 03′ W |
Население | 22. место |
- Вкупно | 4 468 976 |
- Густина | 39,61/км² (22. место) |
Надм. вис. | |
- Највисока точка | Дрискил[3] 163 м |
- Најниска точка | Њу Орлеанс[3] -2 м |
Влез во сојузот | 30 април, 1812 (18) |
Гувернер | Боби Џиндал (Р) |
Сенатори | Мери Ландриу (Д) Дејвид Витер (Р) |
Делегација на конгресот | |
Часовен појас | {{{часовен појас}}} |
Кратенки | LA US-LA |
Портал | www.louisiana.gov |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Луизијана (англиски: Louisiana) е сојузна држава од САД која се наоѓа во јужниот дел од земјата. Има излез на Мексиканскиот Залив. Главен град е Батон Руж, а најголем е Њу Орлеанс.
Луизијана е држава која се наоѓа во јужниот дел на Соединетите Американски Држави. Таа е триесет и прва по големина и дваесет и петта по население од педесетте Соединети Држави. Главен град е Батон Руж, а најголем Њу Орлеанс. Луизијана е единствената држава во САД со политички единици наречени парохии, кои претставуваат локални управи што се поистоветуваат со окрузите. Најголема парохија по население е Парохијата Источен Батон Руж, а најголема по територија Парохијата Камерон.
Поголемиот дел од земјата се создал од талог измиен со течението на реката Мисисипи, оставајќи огромни делти и големи површини крајбрежни бари и мочуришта коишто содржат богата јужна флора и фауна. Типичен пример на птици се ибисот и белата чапја. Исто така, постојат многу видови жаби кои го поминуваат поголемиот дел од нивниот живот во дрва и риби како есетрата. Во повисоките предели има честа појава на оган во природата којашто создава пространи предели со високо стеблеста борова шума и влажни савани. Во нив опстојуваат исклучително голем број видови растенија, вклучувајќи многу видови орхидеи и месојадни растенија.
Некои урбани средини во Луизијана, коишто се сметаат за исклучителни во Соединетите држави, поседуваат мултикултурно и повеќејазично наследство, коешто било под силно влијание на примес од француска, шпанска, индијанска и африканска култура од 18-иот век. Пред американскиот прилив и државност во почетокот на 19-тиот век, територијата на денешна Луизијана била шпанска и француска колонија. Покрај тоа, моделот на развој вклучувал увоз на голем број африкански робови во 18 век, многу од нив од истиот предел на Западна Африка.