Невада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Невада (англиски: Nevada) е сојузна држава на САД. Невада се наоѓа во западниот, планинскиот и југозападниот дел на САД. Таа е 7 сојузна држава по територија, 35 најнаселена сојузна држава и 9 најслабо населена држава по густина на население во САД. Околу две третини од населението на Невада живее само во еден округ, Кларк, каде се наоѓа Метрополитенската област Лас Вегас-Парадајс.[1] Главен град на Невада е Карсон Сити.
Невада Nevada | |||||||||
| |||||||||
Службен јазик | нема, де факто англиски | ||||||||
Говорени јазици | англиски, шпански | ||||||||
Главен град | Карсон Сити | ||||||||
Најголем град | Лас Вегас | ||||||||
Површина | . место | ||||||||
- Вкупно | 286.367 км² | ||||||||
- Широчина | км | ||||||||
- Должина | км | ||||||||
- % вода | 1.971 | ||||||||
- Гео. ширина | |||||||||
- Гео. должина | |||||||||
Население | 2,723,322. место | ||||||||
- Вкупно | |||||||||
- Густина | /км² (. место) | ||||||||
Надм. вис. | |||||||||
- Највисока точка | м | ||||||||
- Најниска точка | м | ||||||||
Влез во сојузот | () | ||||||||
Гувернер | Брајан Сандовал | ||||||||
Сенатори | |||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||
Кратенки | NS [[ISO 3166-2|]] | ||||||||
Портал | www.nv.gov |
Поголемиот дел од Невада е пустина или полусува почва. Пустинскиот дел се наоѓа во Големиот Басен. Јужните предели на Големиот Басен се наоѓаат во рамките на пустината Мохаве, додека пак езерото Тахое и Сиера Невада се наоѓаат во западниот дел. Околу 86% од територијата на државата е во сопственост на федералната влада на САД, но и други граѓански и воени институции.[2]
Официјалниот прекар на Невада е „Сребрена држава“ (Silver State), како последица на важноста на среброто во историјата и економијата на државата. Покрај тој прекар, Невада е позната и како „Држава родена во битка“ (Battle Born State), бидејќи Невада како држава била формирана за време на Американската граѓанска војна. Третиор популарен прекар за Невада е „Држава на пелинот“ (Sagebrush State), бидејќи тоа растение (Artemisia tridentata) е ендемско за западниот дел на САД и Невада.