Окситанија
регион во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Окситанија [2] (француски: Occitanie; окситански: Occitània; каталонски: Occitània) ― административен регион во Франција, основан на 1 јануари 2016 година со здружување на поранешните региони Лангдок-Русијон и Југ-Пиринеи. На 28 септември 2016 година, Државниот совет го одобрил името Окситанија за новоформираниот регион, а одлуката стапила на сила на 30 септември 2016 година.[3]
Кратки факти Држава, Префектура ...
Окситанија Occitanie (француски) Occitània (окситански) Occitània (каталонски) | |||
---|---|---|---|
Регион | |||
Поглед на Артиге на Пиринеите | |||
Држава | Франција | ||
Префектура | Тулуза | ||
Департмани | 13 | ||
Површина | |||
• Вкупна | 72.724 км2 (28,079 ми2) | ||
Ранг | 3-то | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 5.933.185 | ||
• Густина | 82/км2 (210/ми2) | ||
Демоним | Окситанци | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
ISO 3166 | FR-OCC | ||
БДП |
| ||
БДП по глава на жител | €27,449 (номинален; 2015)[1] |
Затвори
Современиот административен регион е именуван по историскиот регион Окситанија. Регионот Окситанија во денешните граници во најголема мера ја зафаќа територија со која владееле грофовите од Тулуз во 12 и 13 век. Во 2015 година, во Окситанија имало 5.839.867 жители.