Панама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Панама (шпански: Panamá) или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија, на север се наоѓа Карипското Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама, додека службен јазик е шпанскиот јазик.
Република Панама República de Panamá (шпански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Pro Mundi Beneficio (латински) „За придобивката на светот“ |
||||||
Химна: Химна на Панама |
||||||
Главен град | Панама 8°58′N 79°32′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански јазик | |||||
Народности | 58,1% Местици 14% Мулати 6,7% староседелци 8,6% Европејци 5,5% Азијци 7,1% останати (2000) |
|||||
Демоним | Панамец | |||||
Уредување | уставна демократија | |||||
• | Претседател | Рикардо Мартинели | ||||
• | Заменик претседател | Хуан Карлос Варела | ||||
Независност | ||||||
• | од Шпанија | 28 ноември 1821 | ||||
• | од Колумбија | 3 ноември 1903 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 75,517 км2 (118-та) | ||||
• | Вода (%) | 2.9 | ||||
Население | ||||||
• | Попис мај 2010 | 3,405,813 | ||||
• | Густина | 44.5 жит/км2 (156-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $38.604 милијарди[1] (93-та) | ||||
• | По жител | $11,788[1] (69-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупно | $24.711 милијарди[1] (89-та) | ||||
• | По жител | $7,133[1] (65-та) | ||||
Џиниев коеф. (2017) | 49.9[2] висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.765[3] висок · 65та |
|||||
Валута | Балбоа (PAB, USD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-5) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .pa | |||||
Повик. бр. | +507 |
Од европските истражувачи, Панама е посетена за првпат во 16 век кога станала дел од Шпанското Кралство. Во 1821 година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела која се нарекувала Гран Колумбија. Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија. Сепак, со помош на САД, во 1903 година Панама станала независна држава. Значаен момент во историјата на Панама е изградбата на Панамскиот Канал, кој бил изграден со помош на САД во периодот од 1904 и 1914 година. Со договорот, Панама ја презела целата контрола врз каналот кон крајот на XX век.[4]
Панамскиот Канал, денес, е значаен сегмент во панамската економија и истиот има најголем удел во БДП на државата. Панама е трета или четврта најголема економија во Средна Америка[5] и е најбрзорастечка економија во регионот.[6][7] Според Индексот на човеков развој, Панама во 2010 година била рангирана како четврта земја во Латинска Америка и 54 земја во светот.[8] Панама е дом на најголемата прашума во западната полутопка, со исклучок на Амазон, и таа е дом на голем број тропски растенија, животни и птици, каде некои се и ендемски.[9]