американска пејачка и глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Џесика Ен Симпсон (англиски: Jessica Ann Simpson; родена на 10 јули 1980)[1] ― американска пејачка, глумица и претприемач. Во 1997 година Симпсон потпишала договор со Columbia Records и во 1999 година го објавила нејзиниот прв студиски албум, Sweet Kisses.
Покрај музичката кариера, Симпсон во 2005 година ја лансирала модната колекција Џесика Симпсон. Брендот имал приходи од преку 1 милијарда долари и е најуспешен бренд лансиран од славна личност во историјата. Таа, исто така, водела неколку реалити телевизиски серии и глумела во неколку филмови.
Џесика Симпсон е родена на 10 јули 1980 година во Абилен, Тексас,[1] а детството го поминала во Далас и Вако.[2] Џесика има помлада сестра, Ешли, која во 2004 година започнала своја музичка кариера.[3] Џесика и нејзиното семејство често се селеле поради работата на нејзиниот татко како баптистички министер. Претежно живееле во Тексас, но неколку години поминале и на Средниот Запад.[4]
Уште како дете почнала да пее во црковен хор. На 12-годишна возраст Симпсон била на аудиција за телевизиското шоу „Клубот на Мики Маус“; ја извела песната „Amazing Grace“ и танцувала на „Ice Ice Baby“.[4] Поминала неколку рунди и стигнала во полуфиналето во кое биле пласирани и музичари како: Бритни Спирс, Кристина Агилера и Џастин Тимберлејк.[4] Симпсон испаднала во полуфиналето и продолжила да настапува во нејзиниот црковен хор, а подоцна била откриена од директор на мала христијанска издавачка куќа.[4]
Нејзиниот прв албум, Jessica, останал необјавен откако банкротирала нејзината издавачка куќа Proclaim Records банкротираше.[5] [6] Албумот Jessica бил испратен до многу издавачки куќи и продуценти, а Џесика била повикана на неколку аудиции.[4] Таа го привлекле вниманието на Томи Мотола, кој тогаш бил во брак со Мараја Кери и директор на Колумбија Рекордс.[4] Тони Мотола бил човекот кој од Џесика Симпсон направил поп-ѕвезда.[4] Симпсон го ангажирала нејзиниот татко за нејзин менаџер; а нејзината мајка станала нејзин стилист.[7] На божиќна забава во 1998 година, Симпсон се запознала со пејачот од 98 Degrees, Ник Лешеј, и започнале врска.[4]
Првиот студиски албум на Симпсон, Sweet Kisses, бил објавен на 23 ноември 1999 година.[8] Sweet Kisses бил хит во САД и се искачил на 25-то место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200. Албумот бил сертифициран за двојно платинест од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) за продадени над два милиони примероци.[9] Нејзин прв сингл од тој албум бил „I Wanna Love You Forever“, кој станал платинест и се искачил на 5-то место на топ-листата за синглови. Вториот сингл бил дуетот „Where You Are“ со нејзиното момче и иден сопруг, Ник Лашеј. Трет и последен сингл од албумот била денс-нумерата „I Think I'm in Love with You“.[10]
Нејзиниот втор студиски албум, Iresistible бил издаден во мај 2001 година.[11] Iresistible бил успешен како нејзиниот прв албум; од RIAA добил сертификат за „Златна плоча“ за продадени 500 000 примероци.[12] За да го промовира албумот, Симпсон тргнала на заедничка турнеја со Destiny's Child и Нели насловена како Total Request (2001).[13] [14] Таа подоцна ја напуштила турнејата за да започне своја турнеја, DreamChaser Tour (2001); турнејата била откажана по нападите од 11 септември.[15]
Ник и Џесика се венчале на 26 октомври 2002 година, а свадбената церемонија се одржала во Остин.[16] Во 2002 година Симпсон, исто така, започнала да работи на нејзиниот трет студиски албум. Водечкиот сингл од албумот, „Sweetest Sin“ (2003), се однесувал на губењето на невиноста на Симпсон со Лашеј.[17] Во 2003 година, Симпсон и Лашеј започнале реално шоу на MTV, Штотуку венчани: Ник и Џесика.[18] Шоуто, кое се занимавало со нивниот брак и првенствено со снимањето на третиот студиски албум на Симпсон, било премиерно прикажано на 19 август 2003 година.[19] [20] Шоуто веднаш станало феномен на поп-културата и му помогнало на брачниот пар да стане познат.[21] [22] Серијата се емитувала три сезони до 2005 година.[22]
Третиот студиски албум на Симпсон, In This Skin (2003), бил објавен истиот ден кога премиерно било прикажано реалното шоу <i id="mwASY">Штотуку венчани: Ник и Џесика</i>, при што шоуто послужило како промотивна алатка за албумот. Симпсон го издала „With You“ како втор сингл од албумот во октомври 2003 година.[23] За да ја зголеми продажбата на албуми, In This Skin бил реиздаден во март 2004 година како колекционерско издание,[24] [25] [26] а на него биле вклучени и преработки на хитот од 80-тите „Take My Breath Away“ и „Angel“ од Роби Вилијамс.[27] Повторното издавање драматично помогнало во продажбата на нејзините албуми; In This Skin бил продаден во три милиони примероци во САД.[28]
Во април 2004 година, Џесика Симпсон лансирала своја козметичка линија, Jessica Simpson Desserts by Jessica Simpson.[29] Истиот месец Симпсон и Лашеј глумеле во сопственото естрадно шоу на ABC под наслов The Nick and Jessica Variety Hour.[30] Во тоа време, Симпсон и нејзиниот сопруг почнале да гостуваат во Шоуто на Ешли Симпсон, хронологија за почетокот на музичката кариера на нејзината сестра на Џесика.[31] Четвртиот студиски албум на Симпсон, збирка песни со божиќна тематика насловен како ReJoyce: The Christmas Album бил објавен на 23 ноември 2004 година.[32] Во февруари 2005 година, Симпсон и Шиндер ја лансирале козметичката линија Dessert Treats, слична на нивната претходна линија, но наменета за помлада публика. Двете линии биле откажани по низа тужби.[33]
Симпсон ја лансирала колекцијата Џесика Симпсон во 2005 година.[34] Компанијата растела со текот на годините, а во 2014 година било објавено дека имала вкупна продажба од 1 милијарда долари.[35] Симпсон првата филмска улога ја имала во филмската адаптација на Војводите од Хазард (The Dukes of Hazzard, 2005),[36] но нејзината глума наишла на негативни критики и таа била номинирана за „Златна малина“ за најлоша глумица; сепак филмот бил хит на кино-благајните и заработил над 111 милиони долари.[37] За да го промовира филмот, Симпсон ја снимила песната „This Boots Are Made For Walkin“, преработка на песната од Ненси Синатра.[38] Симпсон поднела барање за развод во декември 2005 година, а за причина ги навела „непомирливите разлики“.[39] Разводот бил окончан на 30 јуни 2006 година.[40]
Во март 2006 година таа се разделила со Columbia Records и потпишала нов договор за снимање со Epic Records.[41] Симпсон и стилистот Кен Павес лансирале линија за производи за убавина на Home Shopping Network во 2006 година.[42]
Нејзиниот петти студиски албум, A Public Affair (објавен на 26 август 2006 година), дебитирал на петто место на Билборд 200.[43] Од албумот биле објавени два сингла: „A Public Affair“ и „I Belong to Me“ (2006).[44] Симпсон глумела заедно со Дејн Кук и Дакс Шепард во комедијата Вработен на месецот (2006), објавен во октомври.[45] Филмот добил негативни критики и лошо поминал на кино-благајните.[46]
Од август 2006 до мај 2007 година, Симпсон била во врска со пејачот Џон Мајер.[47] [48] За време на врската честопати се разделувале и се миреле, но врската дефинитивно завршила на почетокот од јуни 2007 година. Долго време по нивното раскинување, Симпсон ја опишала врската со Мајер во нејзините мемоари од 2020 година, Отворена книга.[47]
Во ноември 2007 година, Симпсон започнала да се забавува со Тони Ромо, квотербек од Далас Каубојс. Врската завршила во јули 2009 година.[49] За време на врската, Симпсон глумела во филмот Амбициозна русокоса (Blonde Ambition; 2007)[50] и во филмот Private Valentine: Blonde & Dangerous (2008).[51] Симпсон соработувалс со Parlux Fragrances за да го лансира нејзиниот прв мирис, Fancy, во 2008 година.
Шестиот студиски албум, Do You Know бил објавен на 9 септември 2008 година. Албумот бил нејзин прв обид да заплови во кантри-музиката. Албумот дебитирал на прво место на американската топ-листа за кантри-албуми и на четврто на американскиот Билборд 200. Добил мешани критики од музичките критичари.
Документарната серија на Џесика Симпсон, Цената на убавината, започна да се емитува на VH1 во март 2010 година. Во документарната реална серија, Џесика Симпсон со нејзините пријатели Кен Павес и Кејси Коб патувале низ светот „за да запознаат жени, да ги проучуваат месните моди, начинот на диета и режимите за убавина“, а сето тоа во обид да се истражи значењето на вистинската убавина во различни култури.[52] [53] [54] Премиерната епизода привлекла еден милион гледачи.[55] [56] Во 2010 година таа го издала компилацискиот албум Playlist: The Very Best of Jessica Simpson.[57] Симпсон подоцна потпишала нов договор за снимање со eleveneleven и Primary Wave Music и почнала да работи на нејзиниот седми студиски албум со божиќна тематика.[58] Таа го издала Happy Cristmas на 22 ноември 2010 година. Во мај 2010 година Симпсон почнала да се забавува со пензионираниот НФЛ играч, Ерик Џонсон; тие ја објавиле нивната свршувачка во ноември истата година.[59]
Наскоро, Симпсон заедно со Никол Ричи била ментор во реалити телевизиската серија на NBC Модна ѕвезда.[60] Во серијата група дизајнери се натпреварувале во дизајнирање облека, а судиите секоја недела елиминирале по еден натпреварувач.[61] Кон крајот на 2011 година Џесика Симпсон потврдила дека е бремена.[62] На 1 мај 2012 година, таа родила ќерка[63] [64] [65] и истата година лансирала линија за облека за трудници.[66] Подоцна објавила парфем, Vintage Bloom, кој бил инспириран од мајчинството.[67] Во декември 2012 година таа потврдила дека очекува второ дете со Џонсон.[68] Симпсон родила син на 30 јуни 2013 година.[69] Таа лансирала линија за декорација на спална соба.[70] Симпсон и Џонсон се венчале во јули 2014 година во Монтесито, Калифорнија.[71]
Таа родила ќерка на 19 март 2019 година.[72]
На 2 февруари 2020 година, Симпсон ги објавила нејзините мемоари Отворена книга, тие биле на врвот на списокот на најпродавани книги од Њујорк Тајмс.[73] [74] Во книгата, таа раскажала за нејзиниот брак со Ник Лашеј, нејзината врска со музичарот Џон Мајер, сексуалната злоупотреба која ја доживеала во детството, зависноста од алкохол и лекови на рецепт и притисокот што го чувствувала да изгуби тежина.[74] [47] Како дел од книгата биле објавени шест нови нејзини песни.[74] [75]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.