Џорџ В. Буш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џорџ В. Буш
Remove ads

Џорџ Вокер Буш (англиски: George Walker Bush) - 43. претседател на САД. Неговиот прв мандат започнал на 20 јануари 2001.

Кратки факти Џорџ В. Буш George W. Bush, 43. Претседател на САД ...
Remove ads

Животопис

Џорџ Буш е роден на 6 јули 1946 во Њу Хејвн, Конектикат.[1] Тој е син на бившиот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш. Братот на Џорџ Буш - Џеб Буш бил избран за гувернер на Флорида во 1999 година . Младиот Џорџ Буш растел во тексашките градови Мидленд и Хјустон, заедно со Џеб, Нил, Марвин и Дороти Буш. Учел во академијата „Филипс“ во државата Масачусетс, а потоа завршил историја на универзитетот „Јеил“ во 1968 година. Во универзитетот, тој бил член на студентското братство „Делта Капа Епсилон“, како и на тајното друштво „Череп и коски“. Џорџ Буш бил избран за гувернер на Тексас во 1995 година и таа должност ја извршувал до 2000 година.[2] Џорџ Буш е оженет со Лора Буш и има две ќерки близначки - Барбара и Џена.

Remove ads

Претседателски мандат

Буш првично ја претстави амбициозната домашна агенда, но неговите приоритети беа значително променети по нападите на 11 септември .  Војните беа започнати во Авганистан и Ирак, и имаше значителни домашни дебати во врска со имиграцијата, здравството, социјалното осигурување, економската политика и третманот на затворениците терористи. Во период од осум години, некогаш високиот рејтинг на Буш  постојано се намалуваше, додека бројките на неговото неодобрување значително се зголемуваа.  Во 2007 година, Соединетите Држави влегоа во најдолгата рецесија по Втората светска војна .

Remove ads

Одликувања

Во септември 2015 година, Џорџ Буш бил одликуван со Орден на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов, за големиот придонес во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединети Американски Држави. Орденот му го врачил премиерот Никола Груевски на посебна вечера организирана од фондацијата „Macedonia 2025“, организирана на 20 септември 2015 година во хотелотХилтон Колумбус“.[3][4]

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads