англиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Алекс Едвард Алберт Даусет (англиски: Alex Edward Albert Dowsett; р. 3 октомври 1988 ) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел во периодот 2010-2022. Бил познат како извонреден специјалист за хронометар и во 2015 година го срушил светскиот велосипедски часовен рекорд за 446 метри со растојание од 52,937 километри.
Даусет на Трката околу Келн 2019 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алекс Едвард Алберт Даусет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Тигарот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 3 октомври 1988 Молдон, Англија, Обединето Кралство[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,82 м[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 73 кг[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2009 | 100% Me | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010 2011–2012 2013–2017 2018-2019 2020-2022 | Хагенс Берман Аксеон Тим Скај Мовистар Тим Катјуша-Алпесин Израел старт-ап нејшн | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Син на поранешниот возач и натпреварувач во Британското првенство на туристички автомобили Фил Даусет,[3] Даусет учел во основното училиште во Литл Бадоу и средното училиште во Келмсфорд. Првично започнал со пливање како спорт пред да започне со велосипедизмот на планински велосипед заедно со неговиот татко.[4]
Даусет ја започнал неговата кариера во Молдон и окружниот велосипедски клуб во градот Келмсфорд.[5] Наскоро го откриле неговиот талент и Алекс станал дел од развојната екипа на британската олимписка акадеија. Ги освоил националните хронометарски првенства под 23 години во 2008 и 2009. Во 2010 возел за американската екипа Трек-ЛајвСтронг и го освоил Европското хронометарско првенство под 23 години.[6] Исто така освоил сребрен медал на хронометарот на Комонвелтските игри 2010.
Даусет потпишал за британската екипа Тим Скај за сезоната 2011. Неговата прва победа со Скај дошла на Лондон Ноктур. Даусет завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Данска, помагајќи му на колегата Сајмон Геранс да дојде до победа. Ја освоил петтата етапа на Тур ду Поату-Шарент и завршил втор во генералниот пласман. Во септември станал национален хронометарски првак. Даусет го освоил хронометарот на етапата 81 на Трката околу Британија 2011.
Во март 2012, Даусет го скршил зглобот на Три дена Де Пане и поради тоа ја пропуштил сезоната на класиците. Даусет се опоравил и завршил втор на националните друмски првенства, а подоцна ја одбранил титулата на националните хронометарски првенства. Подоцна во септември, Даусет настапил на Светските друмски првенства на сите три елитни трки, а најдобар пласман имал на поединечниот хронометар.
Во октомври 2012 го изразил своето мислење за допинг скандалот Ленс Армстронг-УСАДА на ББС: „Не мислам дека ова значи. Тој сè уште е легенда во спортот. Маж кој имал рак и победил на Тур де Франс. Мислам дека не е навистина важно и мислам дека навистина не значи“.[7] Подоцна дообјаснил дека неговата изјава била премногу нејасна и неговите коментари се однесувале на фактот дека тогашните услови во спортот биле поразлични од денес и споредено со добротворната работа. Изјавил: „Мислам дека тоа што го направил Ленс е целосно неприфатливо“.[8]
На 30 октомври 2012 година, Даусет потпишал со шпанската екипа Мовистар Тим за сезоната 2013, надевајќи се на настап на некоја голема трка.[9] По завршувањето на класиците за Мовистар Тим, Даусет бил избран да вози на Џиро д’Италија, негово прво појавување на некоја голема трка. Даусет му помогнал на Мовистар Тим во освојувањето на второто место на екипниот хронометар на втората етапа. На осмата етапа, поединечен хронометар од 54,8 километри, Даусет го поставил најбрзото време и ја забележал неговата најголема победа во неговата кариера, поставувајќи време десет секунди побрзо од второпласираниот Бредли Вигинд.[10] Во јуни, Даусет го освоил националното хронометарско првенство трета година по ред и покрај падот на патеката.[11]
Во мај 2014 година, Даусет поставил нов британски рекорд во хронометарска трка на 10 милји во Кембриџшир, забележувајќи 17 минути и 20 секунди, при што го срушил претходниот рекорд на Мајкл Хатчинсон за 25 секунди.[12]
Настапувајќи за Англија на Комонвелтските игри 2014, Глазгов го освоил златниот медал во поединечниот хронометар.[13] По долго бегство, Даусет го презел водството на Трката околу Британија на шестата етапа[14] но го загубил на крајот на етапната трка од Дилан ван Барле и завршил осми во генералниот пласман.[15] Неговата екипа објавила дека Даусет потпишал продолжување на неговиот договор за три години со нив во септември.[16]
Во декември 2014 година, Даусет објавил дека ќе се обиде да го сруши часовниот рекорд на 27 февруари 2015 година.[17] Меѓутоа бил приморан да го одложи обидот по кршењето на неговата клучна коска на тренинг.[18] Обидот се случил на велодромот во Манчестер на 2 мај 2015 година[19] каде Даусет го поставил новиот светски рекорд од 52,937 километри, надминувајќи го претходниот рекорд на Роан Денис за скоро половина километар.[20] Две недели подоцна, Даусет ја освоил својата прва етапна трка, Трката околу Баварија, каде дошол до вкупната победа по освојувањето на поединечниот хронометар на четвртата етапа. Во јуни 2015 година, Даусет стигнал до четвртата титула на домашното хронометарско првенство, изедначувајќи го рекордот на Стјуарт Денџерфилд.[21]
Бил именуван во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[22]
Во август 2017 година било објавено дека Даусет ќе се приклучи на Катјуша-Алпесин за сезоната 2018.[23][24] Откако во последен момент прекинал со екипата во 2019 година,[25] првично мислел дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам во 2020 година и да се врати во неговиот локален клуб Малдон, за да се насочи на Олимпијадата и да го поврати часовниот рекорд.
Наместо да се повлече од професионалниот велосипедизам како што најавил, Даусет бил дел од спојувањето на Катјуша-Алпесин со Израелска велосипедска академија, создавајќи ја новата екипа Израел старт-ап нејшн за 2020 година.[26] Завршил четврти на хронометарот на Европското друмско првенство,[27] и деветти на хронометарот во Светското друмско првенство.[28] По ова, Даусет настапил на Џиро д’Италија и ја освоил осмата етапа од шестчлено бегство, напаѓајќи од групата на 18 километри до целта.[29] Во ноември го продолжил неговиот договор со Израел старт-ап нејшн за уште две години.[30] Во 2021 година, Даусет се обидел да го сруши часовниот рекорд и завршил 54,555 километри, трет најдобар резултат во поновата историја на часовниот рекорд.[31]
Во август 2022 година, Даусет објавил дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам на крајот на сезоната.[32]
Даусет страда од хемофилија.[33] Во интервју дадено во јули 2013, Даусет ја навел својата медицинска состојба како причина за изборот на велосипедизмот во неговата младост од другите спортови, бидејќи останатите спортови како фудбал или рагби биле сметани за преризични. Се верува дека е единствениот професионален спортист со ваква состојба.[4] Како последица на тоа имал специјален исклучок од правилото на Меѓународниот велосипедистички сојуз без игли, воведено во 2011 година,[34] за да внесува белковина фактор VIII на секои 48 часа. Даусет води добротворна фондација „Литл Блидерс“ (Little Bleeders) за зголемување на свесноста од хемофилија.[4]
СО = се откажал; — = не учествувал
Настан | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светски првенства | Друмска трка | СО | — | — | СО | — | — | — | — | — | — |
Хронометар | 8 | 41 | 20 | 17 | 12 | — | 29 | 5 | 9 | — | |
Екипен хронометар | 9 | — | 6 | 3 | 6 | 6 | 11 | не постоел | |||
Мешан екипен хронометар | не постоел | — | НСО | 5 | |||||||
Европски првенства | Хронометар | не постоел | — | — | 5 | 5 | 4 | — | |||
Друмска трка | — | — | — | СО | СО | — |
— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.