![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e7/Volubilis_Longshot_II.jpg/640px-Volubilis_Longshot_II.jpg&w=640&q=50)
Волубилис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волубилис (арап. وليلي; берберски: ⵡⵍⵉⵍⵉ) — делумно ископан берберско-римски град кој се наоѓа во Мароко, сместен во близина на градот Мекнес, кој можеби бил главен град на Кралството Мавретанија, барем од времето на кралот Јуба II. Пред Волубилис, главниот град на кралството можеби бил Гилда.[1][2]
![]() Остатоци од Волубилис | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Morocco" does not exist | |
Место | Фес-Мекнес, Мароко |
---|---|
Област | Мавретанија |
Координати | 34°04′16″N 05°33′13″W |
Вид | Населба |
Историја | |
Изграденo | 3 век п.н.е. |
Напуштено | 11 век |
Култури | Феникија, Картагина, Мавретанија, Стар Рим, Идрисиди |
Службен назив: Археолошки локалитет Волубилис | |
Тип: | Cultural |
Критериуми: | ii, iii, iv, vi |
Прогласено: | 1997 (21-ва сесија) |
Број | 836 |
Регион: | Африка |
Градот бил изграден во плодна земјоделска област, и започнал да се развива од 3 век п.н.е. како берберска, потоа протокартагинска населба, пред да стане главен град на кралството Мавретанија. Брзо растел под римска власт од 1 век па наваму и се проширил на околу 42 хектари со 2,6 километри ѕидини. Градот добил голем број главни јавни згради во II век, вклучувајќи базилика, храм и триумфална порта. Неговиот просперитет, кој бил изведен главно од маслинарството, поттикнало изградба на многу убави градски куќи со големи мозаични подови.
Градот паднал во рацете на локалните племиња околу 285 година и никогаш не бил повторно освоен од Рим поради неговата оддалеченост и неодбранливост на југозападната граница на Римското Царство. Продолжил да се населува уште најмалку 700 години, прво како латинизирана христијанска заедница, а потоа како рана исламска населба. Во доцниот 8 век станал седиште на Идрис ибн Абдалах, основачот на династијата Идрисиди во Мароко. До 11 век Волубилис бил напуштен откако седиштето на власта било преместено во Фес. Голем дел од локалното население било префрлено во новиот град Мулај Идрис Зерхун, околу 5 километри оддалеченост од Волубилис.
Урнатините останале значително непроменети додека не биле опустошени од земјотрес во средината на 18 век и последователно ограбени од мароканските владетели кои биле во потрага на камен за изградба на Мекнес. Дури во вториот дел од 19 век, локалитетот дефинитивно бил идентификуван како античкиот град Волубилис. За време и по периодот на француското владеење над Мароко, околу половина од местото бил ископан, откривајќи многу убави мозаици, а некои од поистакнатите јавни згради и куќи со висок статус биле обновени или реконструирани. Денес е место за светско наследство на УНЕСКО, наведено како „исклучително добро сочуван пример на голем римски колонијален град на рабовите на царството“.