From Wikipedia, the free encyclopedia
Маслинка или маслина, поточно европска маслинка (науч. Olea europea) — мало дрво од семејството на маслинките (Oleaceae). Природно е застапена од Средоземјето, од Португалија до Левант, Арабискиот полуостров и јужна Азија источна Азија (во Кина), како и на Канарските Острови и Реинион. Видот се одгледува на многу места и се смета за натурализиран во сите земји на средоземниот брег, како и во Аргентина, Саудиска Арабија, Јава, Норфолк, Калифорнија и Бермуда. Од нејзините плодови се прави маслиново масло.
Европска маслинка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Маслинки |
Род: | Маслинка |
Вид: | Европска маслинка |
Научен назив | |
Olea europaea L. | |
Распространетост |
Маслинарството, односно одгледувањето на маслинки во Македонија е најзастапено во крајните југоисточни предели, каде преовледува средоземната (средоземна) клима со топли влијанија од Егејското Море. Највеќе маслинови насади се одгледуваат во Дојранската Котлина, односно околината на Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија[2]. Во 2021 г. во Македонија се произведени 11 966 тони маслинки.[3]
Дојранската кралска малсинка е природно ферментирана, црна, солена маслинка којашто со својот специфичен вкус е една однајбараната маслинка во Македонија[4].
Нејзиниот специфичен вкус е резултат на старите дојрански рецепти за производство на маслинки споени со модерната технологија за квалитет и стандардизација и експертизата на нашите врвни технолози коишто го усовршија и константно го контролираат вкусот на Дојранската Кралска Маслинка.
Кралската Маслинка откако грижливо ќе се набере и сортира по вид и големина ферментира природно во специјални садови со големина од 150 па сè до 5000 килограми во период од 6-9 месеци во зависност од надворешните услови. За време на ферментацијата истата секојдневно се контролира и нејзиниот вкус се прилагодува за да на крај го добиеме специфичниот вкус на Дојранската Кралска Маслинка.
Дојранската Кралска Маслинка е карактеристична по својата изразито црвена боја и округла форма со мала семка.
Десет дојрански кралски маслинки со средна големина во просек содржат:
Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот.
Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против свинскиот грип.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.