From Wikipedia, the free encyclopedia
Според податоци од 2006 година, населението на Судан изнесува 35 079 814 луѓе.
(2000)
Во земјата живеат 597 различни етнички племиња, кои зборуваат на околу 400 различни јазици и дијалекти.[1] Тие се поделени во две поголеми етнички групи: Арапи, главно со муслиманска вера, кои живеат главно на северниот дел од земјата, како и христијани и друѓи, кои пак се населени и главно живеат во јужниот дел на земјата.[2][3] .
Како и кај останатите неарапски популации, така и овдем овие арапи потекнуваат од античките Нубијци, кои се тесно поврзани пак со Стар Египет. Со започнувањето на арапската инвазија на овие простори, започнал процесот на арабизација на месните жители. Ова довело до доминација на арапскиот јазик и култура на овие простори, како и до промена на суданскиот идентитет во земјата, особено во северниот дел на земјата.[4] Овој процес дополнително се развил по ширењето на исламот и емиграцијата на арапите од Арапскиот полуостров кон Северна Африка.
Вкупниот број на јазици кои се користат или се зборуваат во Судан е 142.[5] Од нив, 134 во моментов се зборуваат а 8 јазици се изумрени.
Суданскиот арапски е најзборуван јазик во земјата, и е доминантен во поголемиот дел од северот. Други јазици се нубијански јазици и Бежа.
Службени јазици во земјата се арапскиот и англискиот.
Религија во Судан[2][3] | ||||
---|---|---|---|---|
религија | пороцент | |||
Сунитски муслимани | 70 % | |||
Анимисти | 25 % | |||
Христијани | 5 % |
Религијата има голема улога во културниот живот на населението на Судан. Најголема верска заедница во земјата е исламот, а освен исламот има верници и од анимистичката и христијанската религија. Околу 70% од населението на земјата се муслимани[6][7] . Од нив, околу 90%, живеат во северниот дел на земјата, сочинувајќи околу 85% од населението. Податоците и процентите за бројот или процентот на христијаните и анимистите се несигурни. Според Дејвид Берет, нивниот број се движи од 5% до 15%[6][8]. Најголемиот дел од нив, како и од верниците на локалните религии, живеат во јужниот дел на земјата.
Христијаните во Судан припаѓаат на различни цркви вклучувајќи ја ѝ Римокатоличката, Англиканската, Протестантската. Постојат исто така и заедници на Етиопската православна црква и Еритрејската православна црква, Јехови сведови итн.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.