Жена

личност од женски пол From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Женачовек од женскиот пол. Терминот жена е обично резервиран за возрасни личности од женскиот пол, а терминот девојка е вообичаениот термин за женско дете или адолесцент. Жените обично се способни за раѓање од пубертетот до менопаузата.

Thumb
Раѓањето на Венера, слика на Сандро Ботичели (околу 1485)

Потекло на поимот

Зборот поттекнува од прасловенскиот збор жена, кој поттекнува од праиндоевропскииот gʷḗn.

Биолошки симбол

Симболот за планетата и божицата Венера или Афродита е знак кој исто така се користи во биологијата за означување на женскиот пол.[1]

Терминологија

Женственоста е период во животот на човечко суштество од женски пол откако таа поминала низ детството и адолесценцијата, генерално на околу 18 годишна возраст.

Зборот жена може да се користи генерално, за сите луѓе од женски пол или поконкретно, за означување на возрасни луѓе од женски пол во контраст со зборот девојка.

Изразот „женскост“ едноставно се однесува на состојбата на постоење како жена, со поминувањето на менархе; „женственост“ се користи во однос на родовите улоги. Менархе, појавата на менструацијата, се јавува во просек на возраст од 12-13. Многу култури имаат обреди за премин, влкучувајќи некои гранки на Христијанството,[2] Бат мицвата во Јудаизмот, или дури само обичај на посебна прослава за одреден роденден (обично помеѓу 12 и 21 години).

Remove ads

Биологија и пол

Thumb
Женскиот репродуктивен систем
Thumb
Женскиот кариотип

Во однос на биологијата, женските полови органи се вклучени во репродуктивниот систем, додека секундарните полови одлики се вклучени во негувањето на деца. Јајниците, во прилог на нивната регулаторна функција при производството на хормони, произведуваат и женски гамети наречени јајце-клетки кои, кога оплодени од машки гамети (сперма), формираат нови генетски поединци. Грлото на матката е орган со ткиво за заштита и одгледување на фетусот и со мускули за породување преку вагината. Изразот „вагина“ често се користи колоквијално и неточно за означување на вулвата односно надворешната женска гениталија, која се состои од (во прилог на вагината) лабијата, дразницата и уретрата. Градите на жената еволуирале од потната жлезда и стекнале функција да произведуват млеко, хранливо лачење кое е највпечатливата одлика на цицачите.

За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите кои се размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки, ако е изложен на значителен износ на тестостерон (бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има X-хромозом од таткото, но исто така, и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.

Нерамнотежата на мајчините хормонални нивоа и некои хемикалии (или лекови) можат да ги променат секундарните полови одлики на фетусите. Жените обично имаат кариотип 46,XX, но околу една во 1 000 жени има кариотип 47,XXX, а една во 2 500 45,X. Тој се разликува од типичниот машкиот кариотип 46,XY; оттука, хромозомите X и Y се познати како женски и машки, соодветно. Затоа што луѓето ја наследуваат митохондриската ДНК само од мајката, генетските студии на женската линија имаат тенденција да се фокусираат на митохондриската ДНК.

Thumb
„Животот и возраста на жената - фази на женскиот живот од лулката до гробот“, 1849.

Иако се раѓаат помалку жени отколку мажи (соодносот е околу 1:1,05), поради подолг животен век, постојат само 81 мажи на возраст од 60 или повеќе за секои 100 жени на истата возраст. Вообичаено, жените имаат подолг животен век отколку мажите, а[3] тоа се должи на комбинацијата од неколку фактори: генетиката (излишни и различни гени се присутни на половите хромозоми кај жените); социологијата и особено изборите во однос на здравјето (како самоубиството или употребата на цигарите и алкохолот); присуството на женскиот хормон естроген, кој има кардиопротективен ефект кај жените пред менопаузата; и ефектот од високите нивоа на андрогени кај мажите. Од вкупниот број на човечкото население, во 2015 година имало 101,8 мажи на секои 100 жени.[4]

Кај телата на девојчињата настануваат неколку промени за време на пубертетот, кој е процес на физички промени со што детското тело преминува во возрасно тело, способно за полова репродукција. Тој е инициран од страна на хормонални сигнали од мозокот до гонадите. Како одговор на сигналите, гонадите произведуваат хормони кои го стимулираат либидото и растот, функцијата и трансформацијата на мозокот, коските, мускулите, крвта, кожата, косата, градите, како и половите органи. Физичкиот развој—висината и тежината—се забрзува во првата половина на пубертетот и не завршува сè додека детето нема развиено возрасно тело. До созревањето на репродуктивните способности, претпубертетските, физички разлики меѓу момчињата и девојчињата се однесуваат на гениталијата. Пубертетот е процес кој обично се случува на возраст помеѓу 10 и 16 години. Главната ознака за пубертетот кај девојките е менархе, појавата на менструација, која се јавува во просек на возраст помеѓу 12 и 13 години.[5][6][7][8]

Повеќето девојчиња поминуваат преку менархе по што можат да останат бремени.[9] Проучувањето на женската репродукција и репродуктивни органи се нарекува гинекологијата.[10]

Remove ads

Здравје

Thumb
Бремена жена

Женското здравје се однесува на здравствените проблеми специфични за женската анатомија. Постојат некои болести кои претежно влијаат врз жените, како што е лупусот. Исто така, постојат некои полови болести кои се наоѓаат почесто или исклучиво кај жените, на пример, рак на дојка, рак на грлото на матката или рак на јајниците. Жените и мажите можат да имаат различни симптоми за иста болест и исто така можат да одговорат на медицински третман поинаку. Оваа област на медицински истражувања се изучува од полово-заснованата медицина.[11]

Прашањето за здравјето на жените е покренато од страна на многу феминисти, особено кога репродуктивното здравје е во прашање. Здравјето на жените е сместено во рамките на едно пошироко тело на знаење кое се наведува од страна на, меѓу другите, Светската здравствена организација, која го смета за особена важноста полот како социјален детерминант на здравјето.[12]

Мајчинската смртност се дефинира од Светската здравствена организација како "смртта на жена во текот на бременоста или во рок од 42 дена од денот на прекинување на бременоста, без оглед на времетраењето и местото на бременоста, од која било причина поврзана со или влошена од бременоста или нејзиниот менаџмент, но не и од случајни причини."[13] Околу 99% од мајчинските смртни случаи се во земјите во развој. Повеќе од половина од нив се случуваат во потсахарска Африка и речиси една третина во Јужна Азија. Главните причини за мајчинската смртност се тешкото крвавење (најчесто крвавење по породувањето), инфекции (обично по породувањето), прееклампсија и еклампсија, небезбеден абортус и компликации при бременоста од маларија и ХИВ/СИДА.[14] Повеќето европски земји, Австралија, како и Јапонија и Сингапур се многу безбедни во однос на породувањето, додека потсахарските земји се најопасни.[15]

Remove ads

Репродуктивните права и слободи

Thumb
Постер од 1921 година од конференција за евгеника која ги прикажува американските држави кои воведоле законодавство за стерилизација

Репродуктивните права се права и слободи кои се однесуваат на репродукција и репродуктивно здравје. Меѓународната федерација на гинекологија и акушерство изјави дека:[16]

(...) човековите права на жените вклучуваат нивно право да имаат контрола над и да одлучуваат слободно и одговорно за прашањата поврзани со сексуалноста, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје, без присила, дискриминација и насилство. Еднакви односи помеѓу жените и мажите во однос на прашањата за сексуални односи и репродукција, вклучувајќи ги и целосното почитување на интегритетот на личноста, нужната меѓусебна почит, согласноста и заедничката одговорност за сексуалното однесување и неговите последици.

Повреди на репродуктивните права вклучуваат: присилна бременост, присилна стерилизација и присилен абортус.

Присилната стерилизација била практикува за време на првата половина на 20 век од страна на многу од западните земји. Присилната стерилизација и присилниот абортус, во моментов се практикуваат во земјите како што се Узбекистан и Кина, обично при абортирање на женски фетуси.[17][18][19][20][21][22]

Недостатокот на соодветни закони за сексуалното насилство во комбинација со недостатокот на пристап до контрацепција и/или абортус, се главна причина за присилната бременост.

Remove ads

Културата и родовите улоги

Thumb
Текстилната работа е традиционално и историски женско занимање во многу култури.

Традиционално, жените од средната класа биле вклучени во домашните задачи, со потенцирање на детската заштита. За сиромашните жени, особено тие од работничката класа, економска неопходност ги присили да бараат вработување надвор од домот. Многу од занимањата кои им биле достапни биле со пониски плати од оние достапни за мажите.

Со промените во пазарот на трудот за жените станало достапно вработувањето не само во фабрики туку и во пореспектабилни канцелариски работни места за кои се барало повеќе образование, учеството на жените во САД во работната сила се зголеми од 6% во 1900 до 23% во 1923 година. Овие промени во однос на работната сила довеле до промени во однос на ставовите за жените на работа, овозможувајќи за револуцијата која резултираше со тоа што жените станале ориентирани кон кариерата и образованието.

Thumb
За време на втората светска војна, некои жени вршиле улоги кои, инаку, би се сметале за машки според културата на времето

Во 1970-тите, многу женски академици, вклучувајќи ги и научниците, избегнувале да имаат деца. Меѓутоа, во текот на 1980-тите години, институциите се обиделе да ги еквализираат условите за мажите и жените на работното место. И покрај тоа, нееднаквостите во домот ги отежнувале можностите на жените да успеат колку и мажите. Професионалните жени сè уште генерално се сметаат за одговорни за домашниот труд и за грижата на децата. Тие имаат "двојно оптоварување", кое не им дозволува да имаат време и енергија за да успеат во своите кариери. Исто така, иако има зголемување во однос на усвојувањето на егалитарни родови улоги во домот од страна на и жените и мажите, неодамнешно истражување покажа дека жените се фокусирале на работите за моралноста, правичноста и благосостојбата, додека мажите се фокусирале на социјалните конвенции.[23] До почетокот на 20-от век, американските женски колеџи барале нивните женски членови на факултетот да останат немажени, врз основа на тоа дека не би можеле да имаат две професии со полно работно време одеднаш. Според Шибингер, "Да се биде научник и сопруга и мајка е товар од општеството кое очекува од жените почесто отколку од мажите да го стават семејството пред кариерата.".[24]

Движењата се залагаат за еднаквост на можностите за двата пола и еднакви права независно од полот. Преку комбинација на економските промени и напорите на женското движење, во последниве децении жените во многу општества сега имаат пристап до кариери надвор од традиционалните.

Иако поголем број на жени добиваат високо образование, нивните плати често се пониски од оние на мажите. CBS News тврди дека во 2005 година во САД жените на возраст од 30 до 44 со универзитетска диплома заработувале само 62% од она го заработувале слично квалификуваните мажи, пониска стапка отколку во сите освен 3 од 19-те земји за кои статистики биле достапни. Некои западни нации со поголема нееднаквост во однос на платите се Германија, Нов Зеланд и Швајцарија.[25]

Насилството врз жените

Thumb
Кампања против женска генитална мутилација – знак во близина на Капчорва, Уганда
Thumb
Палење „вештерки“
Thumb
Млада кинеска жена од еден од „баталјоните на задоволството“ на Кралската јапонска армија, интервјуирана од сојузнички офицер.

Декларацијата за елиминација на насилство врз жените на ОН го дефинира „насилството врз жените“, како:[26]

секој акт на полово насилство што резултира со, или може да резултира со физичка, сексуална или ментална штета или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви дејства, принуда или произволно лишување од слобода, без разлика дали се случува во јавниот или приватниот живот.


и идентификува три форми на таквото насилство: она што се случува во семејството, она во рамките на општата заедница и она што е сторено или поддржано од страна на државата. Таа, исто така, наведува дека "насилството против жените е манифестација на историски нееднакви односи на моќ меѓу мажите и жените".[27]

Насилството против жените и понатаму останува широко распространет проблем, поткрепен од страна на патријархалните општествени вредности, недостатокот од соодветни закони и недостаток на спроведување на постојните закони. Социјалните норми кои постојат во многу делови од светот го попречуваат напредокот кон заштита на жените од насилството.[28] Во студија од 2010 година спроведена од страна на Pew Research Center покажа дека каменувањето како казна за прељуба беше поддржано од страна на 82% од испитаниците во Египет и Пакистан, 70% во Јордан, 56% Нигерија и 42% во Индонезија.[29]

Специфични форми на насилство кои влијаат врз жените вклучуваат: женската генитална мутилација, трговијата со луѓе, проституцијата, принудниот брак, силувањето, сексуалната злоупотреба, убиствата за чест, фрлање на киселина и насилство поврзано со миразот. Владите можат да бидат соучесници во насилство против жените, на пример преку практиките на каменување (како казна за прељуба).

Исто така, има многу форми на насилство кои историски биле претежно против жените, особено ловот на вештерки, жртвата на вдовиците (на пример, сати) и врзувањето на стапалата. Просекуцијата на жени обвинети за вештерство има долга традиција, на пример судењата за вештерство во раниот модерен период (помеѓу 15 и 18 век) биле чести во Европа и во европските колонии во Северна Америка. Денес и понатаму постојат региони на светот (како што се делови на потсахарска Африка, рурална северна Индија и Папуа Нова Гвинеја) каде верувањето во магии се одржува од страна на многу луѓе и жените обвинети за вештерство се изложени на сериозно насилство.[30][31][32] Покрај тоа исто така постојат земји кои имаат кривично законодавство против практикување на вештерство. Во Саудиска Арабија, вештерство останува кривично дело казниво со смрт, и во 2011 година земјата има отцепено глава на жена поради "гатање и магии".[33][34]

Одредени форми на насилство против жените биле признаени како кривични дела само во текот на последниве децении и не се универзално забранети, така што многу земји продолжуваат да ги дозволуваат. Ова е особено случај со брачното силување.[35][36] Во западниот свет, има тренд кон обезбедување на полова еднаквост во бракот и гонењето на случаите на семејно насилство, но во многу делови од светот жените сè уште губат значајни законски права при влегување во брак.[37]

Сексуалното насилство врз жените во голема мера се зголемува за време на војната и вооружените конфликти, за време на воена окупација или етнички конфликти; најчесто во форма на воено силување и сексуално ропство. Во Колумбија, вооружениот конфликт исто така резултираше со зголемување на сексуалното насилство против жените.[38]

Законите и политиките за насилство против жените се разликуваат според јурисдикцијата. Во Европската Унија, сексуалната злоупотреба и трговијата со луѓе се предмет на директиви.[39][40]

Remove ads

Облека, мода и закони за облека

Жените во различни делови од светот се облекуваат  на различни начини, со што нивниот избор на облека зависи од локалната култура, верските постулати и традиции, општествените норми и модните трендови, меѓу другите фактори. Различни општества имаат различни идеи за скромноста. Меѓутоа, во многу јурисдикции, жениските избори во однос на облеката не се секогаш слободни, со закони за ограничување на она што тие можат или не можат да го носат. Ова е особено случајот во однос на исламската облека. Додека одредени јурисдикции законски ја мандатираат облеката, други земји го забрануваат или ограничуваат носењето на одредена облека (како што е бурката/покривањето на лицето) на јавни места (на пример во Франција). Овие закони се доста контроверзни.[41]

Remove ads

Плодноста и семејниот живот

Thumb
Светска мапа која ја покажува вкупната стапка на фертилитет (TFR), според CIA World Factbook од 2015 година.

  7–8 Children
  6–7 Children
  5–6 Children
  4–5 Children
  3–4 Children
  2–3 Children
  1–2 Children
  0–1 Children
Thumb
Мајка и дете во Бутан.

Вкупната стапка на фертилитет (TFR) - просечен број на деца родени од една жена во текот на нејзиниот живот — значително се разликува помеѓу различни региони на светот. Во 2016 година, највисоко проценувана TFR беше во Нигер (6.62 деца родени по жена), а најниска во Сингапур (0.82 деца/жена).[42] Додека поголемиот дел од земјите во потсахарска Африка имаат висока TFR, што создава проблеми поради недостигот на ресурси и придонесува за пренаселеност, повеќето западни земји во моментов имаат подзаменска стапка на фертилитет која може да доведе до стареење на населението и опаѓање на населението.

Во многу делови од светот имало промени во структурата на семејствата во текот на изминатите неколку децении. На пример, на Запад, има тренд на оддалечување од поширокото семејство кон потесното семејство. Има исто така и тренд на оддалечување од брачната плодност кон небрачната плодност. Децата родени надвор од бракот можат да биде родени на кохабитирачки парови или на немажени мајки. Додека децата родени надвор од бракот се целосно прифатени во некои делови од светот, на други места тие се многу стигматизирани, со што немажените мајки се соочуваат со остракизам, вклучувајќи го и насилството од членовите на семејството, и во екстремни случаи, дури и убиства за чест.[43][44] Покрај тоа, сексот надвор од бракот останува нелегален во многу земји (како што се Саудиска Арабија, Пакистан,[45] Авганистан,[46][47] Иран, Кувајт,[48] Малдивите,[49] Мароко,[50] Оман,[51] Мауританија,[52] Обединетите Арапски Емирати,[53][54] Судан,[55] и Јемен[56]).

Социјалната улога на мајката се разликува помеѓу културите. Во многу делови од светот, од жените со мали деца се очекува да останат дома и да ја посветат целата своја енергија на одгледувањето на детето, додека во други места мајките најчесто се враќаат на работа.

Remove ads

Религија

Одредени религиозни учења имаат посебни одредби кои се однесуваат на родовите улоги, општествени и приватни интеракции помеѓу половите, соодветната облека за жените и разни други прашања што влијаат врз жените и нивната положба во општеството. Во многу земји, овие верски учења имаат влијание врз кривичниот закон или врз семејното право на овие јурисдикции (Шеријатскиот закон, на пример). Односот помеѓу религија, законот и половата еднаквост е дискутиран од страна на меѓународните организации.[57]

Образование

Thumb
Жени присутни на час за писменост за возрасни во Ел Алто, дел од Ла Пас, Боливија

Женското образование вклучува области на половата еднаквост и пристапот до образованието, и нивната поврзаност при ублажувањето на сиромаштијата. Исто така вклучени се и прашањата за образованието според полот и верата со што поделбата на образованието според половите линии, како и според религиозни учења биле традиционално доминантни и сè уште се доста релевантни во современите дискусии за едукацијата на жените како глобален предвид.

Иако женското движење ја има промовирано важноста на прашањата во прилог на женското образование дискусијата е широка и во никој случај не е тесно дефинирана. Таа може да вклучува, на пример, едукација за ХИВ/СИДА.[1] Универзалното образование, што значи основно и средно оразование обезбедено од државата, независно од полот сè уште не е глобална норма, дури и ако тоа се претпоставува во повеќето развиени земји. Во некои западни земји, жените ги имаат надминато мажите на многу нивоа на образование. На пример, во САД во 2005/2006, жените ги добиле 62% од вонредните димпоми, 58% од тие на додипломски студии, 60% од магистерските дипломи и 50% од докторатите.[2]

Писменост

Светската писменост е пониска за жените отколку за мажите. CIA World Factbook дава проценка од 2010 година што покажува дека 80% од жените се образувани, во споредба со 88.6% од мажите (на возраст од 15 години и повеќе). Стапките за писменост се најниски во Јужна и Западна Азија и во делови на потсахарска Африка.[58]

Земјите на ОЕЦД

Образовниот полов јаз во земјите кои се дел од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е намален во текот на последните 30 години. Помладите жени денес имаат далеку поголеми шанси да се здобијат со високи квалификации: во 19 од 30 земји на ОЕЦД, постојат повеќе од двојно повеќе жени на возраст од 25 до 34 години со завршено високо образование од жени на возраст од 55 до 64 години. Во 21 од 27 земји на ОЕЦД со споредливи податоци, бројот на жени кои дипломирале на програми на универзитетско ниво е еднаков на или го надминува тој на мажите. 15-годишните девојчиња имаат тенденција да покажуваат многу повисоки очекувања за своите кариери од момчињата на иста возраст.[59] Иако жените се повеќе од половина од вкупниот број на дипломирани студенти во неколку земји на ОЕЦД, тие ги добиваат само 30% од универзитетските дипломи доделени заво областа на науката и инженерството и се 25% до 35% од истражувачите во повеќето земји на ОЕЦД.[60]

Иако до овој ден жените студираат на престижни универзитети во иста стапка како и мажите, на нив не им се дадени истите шанси да се приклучат на факултетот. Според Смит и Танг, во 1989 година, 65% од мажите и 40% од жените имале постојани позиции, а само 29 проценти од сите научници и инженери вработени како асистент професори биле жени.[61]

Remove ads

Жените во политиката

Thumb
Светска мапа која го покажува женското учество во владите според државата, 2010.
Thumb
Ангела Меркел го има добиено највисокото место на FORBES списокот на најмоќните жени во светот за 8 од изминатите 10 години[62]

Жените не се доволно застапени во владата во повеќето земји. Во октомври 2013, глобалниот просек на жените во националните собири бил 22%.[63] Правото на глас на жените во САД беше постигнато постепено, прво на државно и локално ниво почнувајќи во доцниот 19 век и почетокот на 20 век, а во 1920 година жените во САД го добиле универзалното право на глас, со Деветнаесеттиот амандман на Уставот на САД. Некои западни земји биле бавни при овозможувањето на жените да гласаат; особено Швајцарија, каде што жените се стекнале со правото да гласаат на сојузните избори во 1971 година, и во кантонот на Апанзел Инерходен жените го добиле правото на глас за локалните прашања дури во 1991 година, кога кантонот беше принуден да го дозволи тоа од страна на Сојузниот Врховен суд на Швајцарија;[64][65] и Лихтенштајн во 1984 година преку референдумот за правото на глас на жените.

Remove ads

Наука, литература и уметност

Thumb
Германската композиторка Клара Шуман во 1878 година

Жените низ текот на историјата имаат направено придонеси за науката, литературата и уметноста. Една област каде што на жените историски им било дозволен пристап беше акушерството и гинекологијата (пред 18 век, грижата за бремени жени во Европа беше спроведена од страна на жените; од средината на 18 век наваму медицинскиот мониторинг на бремените жени почна да бара ригорозно формално образование, до кое на жените генерално не им беше дозволен пристап, затоа практиката во голема мера беше префрлена на мажите).[66][67]

Пишувањето, исто така, генерално се сметало за прифатливо за жените од високата класа, иако постигнувањето на успех како женски писател во машко доминираниот свет било многу тешко; како резултат на тоа, неколку жени-писатели усвоиле машки псевдоним (на пр. Џорџ Санд, Џорџ Елиот).

Жените биле композитори, писатели, инструментални изведувачи, пејачи, диригенти, музики научници, музички едукатори, музички критичари/музички новинари и слично. Постојат музички движења, настани и жанрови поврзани со жените, женските прашања и феминизмот. Во 2010-тите, додека жените сочинуваат значителен дел од пејачите на популарната музика и пејачите на класичната музика и значителен дел од писателите на песните, постои мал број на жени кои се музички продуценти, рок критичари и рок инструменталисти. Иако има голем број на жени композитори на класична музика, од Средновековниот период до денес, жените композитори значително се недоволно застапени при најчесто изведуваната класична музика, учебниците по музичка историја и музичките енциклопедии; на пример, во Концизна Оксфордска историја на музиката, Клара Шуман е единствената спомената композиторка.

Жените се значителен дел од инструменталните солисти во класичната музика и процентот на жените во оркестрите се зголемува. Во 2015 година, една статија за концертните солисти во големите канадски оркестри покажа дека 84% од солистите со Orchestre Symphonique de Montreal биле мажи. Во 2012 година, жените биле само 6% од топ-кругот на Виенскиот филхармонски оркестар. Жените се поретки како инструменталисти во популарните музички жанрови како што се рок и хеви метал, иако имало голем број значајни женски инструменталисти и целосно женски бендови.[68] Жените исто така се недоволно застапени во оркестарското спроведување, музичката критика/музичкото новинарство, музичкото продуцирање и sound engineering. Жените биле обесхрабрени од компонирање до 19 век, а постои и мал број на жени музиколози, жените станале вклучени во музичкото образование "... до толкав степен што жените го доминирале [ова поле] во текот на доцниот 19 век и во 20-от век."[69]

Според Џесика Дучен, музички писател за The Independent, жените музичари во класичната музика се „... премногу често судени врз основа на нивниот изглед, а не нивниот талент и тие се соочуваат со притисок... да изгледаат згодно на сцената и во фотографии.“

Според Едвина Волстенкрофт, класичната музичка индустрија одамна е отворена за жените во однос на изведувањето, но жените имаат помала веројатност да се здобијат со позиции на авторитет, како на пример водач на оркестар.[70] Во популарната музика, иако има многу жени пејачи, постојат многу малку жени музички продуценти, поединците кои го насочуваат и кои управуваат со процесот на снимање.[71]

Жената како мотив во уметноста и во популарната култура

Жената, воопшто, или некоја конкретна жена, се јавува како чест мотив во уметноста и во популарната култура. На пример, уште во Стариот завет (во Втората книга на Ездра) се вели: „Ако мажите... видат жена добролична и убава, остваат сѐ и се спуштаат кон неа и ја гледаат со отворена уста, и сите се прилепуваат кон неа повеќе отколку кон златото и среброто и кон секоја скапоценост.“ Притоа, поради неа, „човекот го остава таткото свој, кој го воспитал, и земјата своја и се прилепува кон жената своја, при жената своја останува до смртта и заборава и татко, и мајка, и земјата своја.“[72][73]

Жената како мотив во народното творештво

  • „Струмна невеста“ — македонска народна песна.[74]
  • „Бездушна Неда“ — македонска народна песна.[75]
  • „Ѓурѓе, мома хубава“ — македонска народна песна.[76]
  • „Не виткај се, Јованке“ — македонска народна песна.[77]
  • „Ој невесто, убавесто, што си толку убавесто“ — македонска народна песна.[78]
  • „Бог џанана, тој шчо те роди“ — македонска народна песна.[78]
  • „Јана и сонцето“ — македонска народна песна.[79]
  • „Стојна“ — македонска народна песна.[80]
  • „Гуга болна лежи“ — македонска народна песна.[81]
  • „Тодора ќерка“ — македонска народна песна.[82]
  • „Дана невеста“ — македонска народна песна.[83]
  • „Платно ми ткае Стојна Србинка“ — македонска народна песна.[84]
  • „Струмница невеста“ — македонска народна песна.[85]
  • „Јана кукавица“ — македонска народна песна.[86]
  • „Елин Дојка“ — македонска народна песна.[87]
  • „Маре мори Маре“ — македонска народна песна.[88]
  • „Јана“ — македонска народна песна.[89]
  • „Стојан и Бојана“ — македонска народна песна.[90]
  • „Мана девојка“ — македонска народна песна.[91]
  • „Стана невеста“ — македонска народна песна.[92]
  • „Везела Јана бела шамија“ — македонска народна песна.[93]
  • „Бела Јана дворје ми метеше“ — македонска народна песна.[94]
  • „Стојан и Бојана“ — македонска народна песна.[95]
  • „Две сестри“ — македонска народна песна.[96]
  • „Убава Јана“ — македонска народна песна.[97]
  • „Рада сираче“ — македонска народна песна.[98]
  • „Златно Злато моја“ — македонска народна песна.[99]
  • „Ми прошетала Трна девојка“ — македонска народна песна.[100]
  • „Момче невеста фалеше“ — македонска народна песна.[101]
  • „Сирма војвотка“ — македонска народна песна.[102]
  • „Неверството на жената на Груица“ (српски: Невјера љубе Грујичине) - српска епска (ајдучка) песна.[103]
  • Сестрата на сердарот Ѓурковиќ“ (српски: Сестра Ҕурковића-сердара) - српска народна епска песна.[104]
  • Косовка девојка“ - српска епска песна.[105]
  • Жената на ајдукот Вукосав“ (српски: Љуба хајдук-Вукосава) - српска епска (ајдучка) песна.[106]
  • „Неверната жена на Хрњица Мујо“ (српскохрватски: Nevjerna ljuba Hrnjice Muje) — босанска епска песна.[107]
  • Хасанагиница“ (српскохрватски: Hasanaginica) — босанска епска песна.[108]
  • „Јунаштвото и свршувачката на Златија Ѓунлагиќ“ (српскохрватски: Junaštvo i udaja Zlatije Đunlagića) — босанска епска песна.[109]
  • „Ќерката на Али-бег Атлагиќ“ (српскохрватски: Kćeri Ali-bega Atlagića) — босанска епска песна.[109]
  • „Инатчика“ — естонска народна приказна.[110]
  • „Злобната жена“ (српски: Зла жена) — српска народна приказна.[111]
  • Глупавата жена“ — сказна на браќата Грим.[112]
  • Пепелашка“ — сказна на браќата Грим.[113]
  • Снежана“ — сказна на браќата Грим.[114]

Жената како мотив во книжевноста

Жената како мотив во поезијата

  • Дениција“ - поетска збирка на македонскиот поет Петре М. Андреевски од 1968 година.[115]
  • „Ланета“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[116]
  • „Билјана“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[117]
  • „Мојата девојка“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[118]
  • „Патување со Весна“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[119]
  • „Еден човек и една жена наполно бели“ - песна на францускиот писател Андре Бретон.[120]
  • „Хана“ — стихозбирка на српскиот поет Оскар Давичо од 1951 година.[121]
  • „За Марија Горчулан“ (српски: За Марију Горчулан) — песна на Оскар Давичо.[122]
  • „Вдовица“ (српски: Удовица) — песна на Оскар Давичо.[123]
  • „Вдовица“ (српски: Удовица) — песна на Оскар Давичо.[124]
  • „Убавите жени“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1955 година.[125]
  • „Старата“ — песна на Блаже Конески напишана меѓу 1941 и 1945 година.[126]
  • „Старата“ — песна на Блаже Конески од 1961 година.[127]
  • „Три крупни жени“ — песна на Блаже Конески од 1974 година.[128]
  • „Житие на Бона“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[129]
  • „Грешни жени“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[130]
  • „Жената“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[131]
  • „Убавина“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[132]
  • „За непознатата“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[133]
  • „Сестри“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[134]
  • „Жена“ — песна на Јован Котески.[135]
  • „Ана“ — песна на Јован Котески.[136]
  • „Песната на човекот и жената во предвечерието“ (хрватски: Pjesma čovjeka i žene u predvečerje) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[137]
  • „Неверна жена“ - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.
  • „Писмо до Татјана Јаковљева“ (руски: Письмо Татьяне Яковлевоҋ) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1928 година.[138]
  • „Заради жената“ (руски: За Женщиной) - песна на Владимир Мајаковски од 1913 година.[139]
  • „Неколку збора за мојата жена“ (руски: Несколько слов о моей жене) - песна на Владимир Мајаковски од 1913 година.[140]
  • „За госпоѓицата П. Г.“ (француски: A Mlle P. G.) - песна на францускиот поет Стефан Маларме од 1898 година.[141]
  • „За госпоѓата Дофен“ (француски: A Mme Léopold Dauphin) - песна на Стефан Маларме.[142]
  • „Фотографијата на Мери Лоран“ (француски: Photographie de Mme Méry Laurent) - песна на Стефан Маларме.[143]
  • „За госпоѓата Мери Лоран“ - песна на Стефан Маларме.[144]
  • „Продавачката на костуми“ (француски: La Marchande d'habits) — песна на Стефан Маларме.[145]
  • „Жена“ - песна на рускиот поет Леонид Мартинов од 1964 година.[146]
  • „Раткина неволја“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[147]
  • „Жена-Икар“ — песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[148]
  • „Две шминкерки“ — песна на рускиот поет Алексеј Паршчиков.[149]
  • „Маргарита“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1919 година.[150]
  • „Жените од детството“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак.[151]
  • „Неротка I“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[152]
  • „Неротка II“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[153]
  • „Каде да ја побарам?“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[154]
  • „Силвија од Краков“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[155]
  • „Магдалена“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[156]
  • „Ќе се скријам во нејзиното име“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[157]
  • „Улам на твоите усни во кои заоѓа сонцето“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[158]
  • „Барбара“ — песна на францускиот поет Жак Превер.[159]
  • „На Ј. Н. Ушакова“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[160]
  • „На Ј. Н. Ушакова“ — песна на Александар Пушкин.[161]
  • „Далида“ — песна на српскиот поет Милан Ракиќ.[162]
  • „Убавина“ (српски: Лепота) — песна на Милан Ракиќ.[163]
  • „Јефимија“ — песна на српскиот поет Милан Ракиќ.[164]
  • „Приказна за старите жени“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1963 година.[165]
  • „Жена во црнина оди по розите“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[166]
  • „Приказната на жената“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[167]
  • „Хана“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[168]
  • „Една минута тишина по Лудвика Вавжињска“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[169]
  • „Рубенсовите жени“ — песна на Вислава Шимборска.[170]
  • „Невиност“ — песна на Вислава Шимборска.[171]
  • „Лотовата жена“ — песна на Вислава Шимборска.[172]
  • „Женски портрет“ — песна на Вислава Шимборска.[173]

Жената како мотив во драмската уметност

Жената како мотив во прозата

Жената како тема во публицистиката

  • Одбрана на правата на женaтa“ - политички трактат на британската феминистка Мери Волстонкрафт од 1792 година.
  • Подредување на жената“ (англиски: Subjection of Women) - есеј на англискиот филозоф Џон Стјуарт Mил од 1861 година.[222]

Жената како мотив во ликовната уметност

Жената како мотив во филмот и телевизијата

Жената како мотив во музиката

Жената како мотив во народната и староградската музика

  • „Билјана платно белеше“ - македонска староградска песна.[258]
  • „Песна за Деспина“ - македонска староградска песна.[259]
  • „Антица“ - македонска староградска песна.[260][261]
  • „Ајде дали знаеш, паметиш, Милице“ - македонска староградска песна.[261]
  • „Не се бели Маре мори“ - македонска народна песна.[262]
  • „Не виткај се Софче“ - македонска народна песна.[262]
  • „Јовано, Јованке“ - македонска народна песна.[263]
  • „Прошета се Јовка кумановка“ - македонска народна песна.[264]
  • „Елено, ќерко“ - македонска народна песна.[265]
  • „Твојте очи, Лено“ - македонска народна песна.[266]
  • „Ој девојче“ - македонска народна песна.[267]
  • „Отвори ми бело Ленче“ - македонска народна песна.[268]
  • „Учи ме мајко, карај ме“ - македонска народна песна.[262]
  • „Мори моме Магде“ - македонска народна песна.[262]

Жената како мотив во новосоздадената фолк музика

  • „Македонско девојче“ - фолк песна на Јонче Христовски.[262]
  • „Билјане, моме убаво“ - песна на македонскиот фолк-композитор Петар Милошевиќ.[269]
  • „Гина, Гина, лична Гина“ - песна на македонскиот фолк-композитор Наско Џорлев.[270]
  • „Жаклина“ - песна на македонскиот фолк-пејач Цане Николовски.[271]
  • „Дајте ми ја“ - песна на македонскиот фолк-пејач Гоце Николовски.[272]
  • „Жал за Деспина“ - песна на македонскиот фолк-пејач Наум Петрески од 2010 година.[273]
  • „Лична Јовано“ - песна на македонскиот фолк-пејач Наум Петрески.[274]
  • „Зоро моја Зорице“ - песна на македонските фолк-пејачи Ефто Пупиновски и Блага Петреска.[275]
  • „За една Кристина“ - песна на македонскиот фолк-пејач Секула Пупиновски.[276]
  • „Врати се бела Марија“ - песна на македонскиот фолк-пејач Секула Пупиновски.[277]
  • „Ника, Ника, Марика“ - песна на македонскиот фолк-пејач Драган Вучиќ.[278]
  • „За Љиљана“ (српски: За Љиљану) - песна на српскиот фолк-пејач Тома Здравковиќ.[279]
  • „Се сеќаваш ли, Сања“ (српски: За Љиљану) - песна на српскиот фолк-пејач Тома Здравковиќ.[280]
  • „Еј, Бранка, Бранка“ - песна на српскиот фолк-пејач Тома Здравковиќ.[281]
  • „Непозната“ (српски: Незнанка) - песна на српскиот фолк-пејач Радиша Марковиќ.[282]
  • „Црна жено со сини очи“ (српски: Crna ženo sa očima palvim) - песна на босанскиот фолк-пејач Хасан Дудиќ од 1980 година.[283]

Жената како мотив во класичната музика

Жената како мотив во џезот

  • „Мис Бо“ (англиски: Miss Bo) — џез-композиција на Џани Басо (Gianni Basso).[291]
  • „Портокалова дама“ (англиски: Orange Lady) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.[292]
  • „Евридика“ (англиски: Eurydice) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.[292]
  • „Дона Лу“ (англиски: Donna Lu) — џез-композиција на Атиљо Донадио (Attilio Donadio).[291]
  • „Роднината Мери“ (англиски: Cousin Mary) — композиција на американскиот џез-музичар Џон Колтрејн (John Coltrane) од 1960 година.[293]
  • „Наима“ ([англиски: Naima) — композиција на Џон Колтрејн од 1960 година.[294]
  • „Флејтата на Шида“ (англиски: Syeeda's Song Flute) — композиција на Џон Колтрејн од 1960 година.[294]
  • „Осамена жена“ (англиски: Lonely Woman) — композиција на американскиот џез-музичар Орнет Коулмен (Ornette Coleman) од 1959 година.[295]
  • „Лора“ (англиски: Laura) — композиција на американските композитори Мерсер и Раксин.[296]
  • „Паноника“ (Pannonica) — композиција на американскиот џез-музичар Телониус Монк (Thelonious Monk).[297]

Жената како мотив во популарната музика

Поврзано

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads