Живалево

село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia

Живалевоmap

Живалевосело во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Кратки факти
Живалево
Thumb

Панорама на еден дел од селото Живалево

Thumb
Живалево
Местоположба на Живалево во Македонија
Живалево на карта

Thumb

Координати 42°04′48″N 22°07′30″E
Регион Североисточен
Општина Кратово
Население102 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1360
Повик. бр.031
Шифра на КО14007
Надм. вис.631 м
Живалево на општинската карта
Thumb

Атарот на Живалево во рамките на општината
Живалево на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото Живалево се наоѓа во средишната зона на територијата на Општина Кратово, на оддалеченост од само неколку километри од регионалниот пат Кратово - Куманово.[2] Селото е од раштркан односно разбиен тип, чии маала се издигнуваат на надморска височина од 500 до 600 метри.[2] Маалата на Живалево се сместени на ридовите на западното подножје на Осогово од десната страна на Кратовска Река. Од градот Кратово селото е оддалечено 6,6 километри.[2] Атарот на Живалево е мал и зафаќа простор од 4,6 км2, на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 202,2 ха, на пасиштата отпаѓаат 119 ха, а на шумите 103,7 ха.[2]

Историја

Во пишаните извори селото Живалево се сретнува во турските пописни даночни дефтери од XVI и XVII век кога селото потпаѓало под вилаетот Кратово и било царски хас во Ќустендилскиот санџак.[3] Во XVI век во 1570 година во селото Живалево живееле 7 македонски христијански семејства и 11 неженети како и 13 муслимански чифлици и 6 неженети кои произведувале до 50 товари пченица, мешано жито, граор, леќа, грозје, вино, бостан и одгледувале свињи и пчели, а имало и 2 воденици за што плаќале данок од 4000 акчиња.[3]

Стопанство

Thumb
Фабриката „Иднина Змеј“

Според составот на атарот селото Живалево има поледелска функција.[2] Населението на селото Живалево се занимава со земјоделство, сточарство како и со занаетчиски услужни дејности. Од поледелството најзастапено е одгледувањето на жита најмногу пченица и пченка и градинарски култури како пиперки (зелени), патлиџани, кромид, лук, бостан - лубеници и тикви на отворено, додека од сточарството застапено е одгледувањето претежно на кози и во помал обем на крави и крупен добиток. На ридовите околу селските куќи има доста насади на кои е застапено лозаро-овоштарството.

Непосредно до самото село крај патот се наоѓа фабриката „Иднина Змеј“, која произведува брусни плочи производи. Дел од жителите на Туралево работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во Скопје, Куманово и ширум цела Македонија. Во кругот на фабриката „Иднина Змеј“ е предвидено да се гради индустриска зона, со можност за изградба на повеќе производствени погони[4]

Од турските документи од XVI век се знае дека во Живалево се произведувале до 50 товари пченица, мешано жито, граор, леќа, грозје, вино, бостан и одгледувале свињи и пчели, а имало и 2 воденици за што се плаќало данок од 4000 акчиња.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948169    
1953205+21.3%
1961207+1.0%
1971225+8.7%
1981178−20.9%
ГодинаНас.±%
1991170−4.5%
1994164−3.5%
2002155−5.5%
2021102−34.2%
Затвори

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Живалево е мала населба која во 1961 година броела 207 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 164 жители, македонско население.[2] Од изнесените податоци може да се забележи дека Живалево не бележи огромен пад на бројот на жителите, односно бележи извесна стабилност во бројот на населението, што најверојатно се должи на неговата поволна местоположба во близина на главниот патен и сообраќаен правец и воопшто близината до градот Кратово.

Според пописот од 2002 година во селото Живалево живееле 155 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 88 Македонци, 3 останати и 11 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 160 169 205 207 225 178 170 164 155 102
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Селото Филиповци во целост е населено само со македонски православни родови коишто во најголем дел се староседелци или пак се доселени и потекнуваат од соседните околни села. Родовите се групирани во маалата коишто се именувани според родовските прекари и презимиња: Минци. Презимиња на македонски семејства кои денес живеат во Филиповци се: Арсови, Наунчеви, Трифунови, Иванови.

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952 година, селото влегувало во тогашната Општина Туралево, во која се наоѓале селата Живалево, Туралево, Тополовиќ и Филиповци.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.