From Wikipedia, the free encyclopedia
XI Зимски олимписки игри се одржале од 3 до 13 февруари 1972 година во Сапоро, Јапонија. За првпат Зимските олимпсики игри биле одржани во Азија.
XI Зимски олимписки игри - Сапоро 1972 | |
Град домаќин | Сапоро, Јапонија |
Број на држави | 35 |
Број на спортисти | 1006 (801 маж и 205 жени) |
Број на спортови | 6 |
Број на натпревари | 35 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 13 февруари 1972 |
Стадион | |
Прашањето за разликите меѓу професионалниот и аматерскиот спорт, сè уште не било решено. Имено, три дена пред започнувањето на игрите, претседателот на МОК Ејвори Брендиџ изјавил дека 40 апски скијачи може да бидат дисквалификувани, поради вмешаност во рекламирање. Така, австрискиот скијач, Карл Шранк, добил забрана да учествува на игрите, поради тоа што бил платен за рекламирање на компанија за скијачка опрема. Истовремено, хокеарите од источноевропските земји, кои професионално се занимавале со спортот во својата земја, за што биле плаќани, учествувале на игрите.[1] Поради тоа, хокеарската репрезентација на Канада ги бојкотирала игрите, поради тоа што не можела да се засили со професионалци од НХЛ лигата, а морала да се соочи со професионалците во репрезентативците на Советскиот Сојуз и Чехословачка.
Организаторите на игрите заработиле 8,47 милиони $ за доделување на правата за телевизиски пренос од игрите.[2]
Градот Сапоро ја добил организацијата на игрите во 1940, но Јапонија се откажала од организацијата на игрите по Втората сино-јапонска војна. Игрите во 1940 година, подоцна биле откажани и поради започнувањето на Втората светска војна. Сепак, организација на Олимписки игри на градот му била доделена во 1972 година, со што сите градови кои требале да организираат игри за време на Втората светска војна, подоцна биле организатори на Олимписките игри.
Одлуката за доделување на организацијата на Зимските олимписки игри во 1972 година била донесена на 64. седница на МОК, која се одржала во Рим на 26 април 1966 година. Градот бил избран, во конкуренција на Банф, Лахти и Солт Лејк Сити.
На игрите, биле доделени медали во 35 дисциплини во 6 спортови, а демонстративни спортови повторно немало.
|
|
Вкупно 1006 спортисти од 35 земји учествувале на игрите во Сапоро.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 8 | 5 | 3 | 16 |
2 | Швајцарија | 4 | 3 | 3 | 10 |
3 | Холандија | 4 | 3 | 2 | 9 |
4 | Источна Германија | 3 | 4 | 7 | 14 |
5 | САД | 3 | 2 | 3 | 8 |
6 | Западна Германија | 3 | 1 | 1 | 5 |
7 | Норвешка | 2 | 5 | 5 | 12 |
8 | Италија | 2 | 2 | 1 | 5 |
9 | Австрија | 1 | 2 | 2 | 5 |
10 | Шведска | 1 | 1 | 2 | 4 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.