From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралството Куско било мало кралство на Андите во Јужна Америка, денес Перу. Кралството на почетокот било град-држава основана од Инките во 12 век. Низ следните векови, или преку војна или преку мировни договори, кралството започнало да се проширува и се создала познатата Империја на Инките.
Кралство Куско Curacazgo Inca
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1197–1438 | |||||||||
Главен град | Куско (1197-1438) | ||||||||
Говорени јазици | кечуански јазик, пукина јазик. | ||||||||
Вероисповед | Инкска религија | ||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||
Сапа Инка | |||||||||
• 1200-1230 | Манко Капак | ||||||||
• 1230-1260 | Синчи Рока | ||||||||
• 1260-1290 | Локе Јупанки | ||||||||
• 1290-1320 | Мајта Капак | ||||||||
• 1320-1350 | Капак Јупанки | ||||||||
• 1350-1380 | Инка Рока | ||||||||
• 1380-1410 | Јахуар Хуакак | ||||||||
• 1410-1438 | Виракоча | ||||||||
Историски период | пред-колумбиски | ||||||||
• Манко Капак го оформил кралството | 1197 | ||||||||
• Пачакутек го основал Тавантинсију | 1438 | ||||||||
Површина | |||||||||
40.000 km2 (15,000 sq mi) | |||||||||
|
Своите организирани цивилизациски почетоци Инките ги бележат во 12 век. Под водство на Манко Капак, тие создале мала град-држава Куско, денес во државата Перу во Јужна Америка. Во 1438 година, под водство на Сапа Инка Пачакутек започнал со проширување на територијата на кралството. Територијата што ја освоил денес се споредува со тринаесетте колонии кои ги создале САД во 1776 година. Таа територија ги опфаќала во голем дел Андите.
Подоцна, Пачакутек го реорганизирал кралството во империја позната како Тавантинсују. Новата империја била од федерален систем со Сапа Инка како водач на истата. Под него биле управителите на четирите покраини од кои била создадена империјата: Чинчасују, Антисују, Контисују и Коласују.
Во историјата малку се знае за првата династија Сапа Инки. Нивното владеење започнало со Хурин и опсегот на владеење не се проширил надвор од границите на Кралството Куско. Нивното потекло е тесно сврзано со митското основање на Куско. Династијата била основана од Манко Капак, кој се сметал за син на богот на сонцето и негови наследници се: Синчи Рока, Локе Јупанки, Мајта Капак и Капак Јупанки. Како репутација на Сапа Инките, наредните владетели се именувале како „капак“ или воен водач и „синчи“ или водач. Како почеток на династијата се смета 1200 година.
Втората династија владеела со Тавантинсују, и не е дел од управувачката структура на Кралството Куско.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.