Малите мачки се подвидови на семејството мачки. Поголемата врста од ова семејство е со мала или средна големина, но има и неколку големи видови како што се гепардот и пумата. Најстарите фосили на мали мачки потекнуваат од видот Felis attica од доцниот Миоцен, кои се стари 9 милиони години и пронајдени се во западните делови на Евроазија.
Имаат остро чуло за мирис и вид. Малите мачки имаат издолжени зеници, додека кај големите мачки зениците се кружни. Чулото на слухот им е исто така многу остро. Ушите можат да се движат независно едно од друго. Малите мачки се месојадци, а острото чуло за мирис им го олеснува пронаоѓањето на пленот. Не можат да рикаат како големите мачко, но можат да мјаукаат, предат, врескаат и 'ржат.