Мебел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мебел — збирен поим за подвижни предмети кои го поддржуваат човечкото тело (мебел за седење и кревети), служат за остава или држат предмети на хоризонтални површини над земја. Мебелот за остава (кој често користи врати, фиоки и полици) се користи за чување на помали предмети, како: облека, алат, книги и домашни добра.
Мебелот може да биде уметнички дизајниран, при што се смета за дел од декоративната уметност. Покрај функционалната улога на мебелот, тој може да игра и симболичка или религиозна улога. Домашниот мебел, заедно со другата покуќнина како часовниците и осветлувањето дава удобност во просторот. Мебелот може да биде направен од најразлични материјали како метал, пластика или дрво.
Занаетот кој се занимава со изработкa на мебел се нарекува столарство.