From Wikipedia, the free encyclopedia
Мохамед Кудус (роден на 2 август 2000 година, во Акра) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Ајакс и на репрезентацијата на Гана.
Мохамед Кудус | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 2 август 2000 | ||
Роден во | Акра, Гана | ||
Држава | Гана | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ајакс | ||
Број | 20 | ||
Младинска кариера | |||
2010–2018 | Рајт ту Дрим | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018-2020 | Норшелан | 51 | (14) |
2020-2022 | Јонг Ајакс | 5 | (5) |
2020- | Ајакс | 47 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
2017 | Гана 17 | 4 | (1) |
2018-2019 | Гана 20 | 3 | (0) |
2019- | Гана | 20 | (7) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Кудус е етнички Хауса и е муслиман по религија.[1]
Тој е централен играч за врска многу брз, агилен и физички силен. Како флексибилен играч, тој може да се прилагоди за да покрива различни улоги. Има моќно лево стапало што му овозможува да биде опасен дури и од далечина. Дриблингот е еден од неговите најголеми квалитети.
Кудус ја започнал својата кариера во Рајт ту Дрим академијата од Гана, на која и се приклучил уште на 10-годишна возраст. Во јануари 2018 година, заедно со двајца соиграчи од академијата, Ибрахим Садик и Гидеон Менса, Кудус пристигнал во данскиот клуб Норшелан.[2]
Своето деби Норшелан го направил само три дена по неговиот 18-ти роденден, во поразот со 2-0 од Брондби. Тој го започнал натпреварот од првата минута играјќи како напаѓач, но на полувремето бил заменет. Со своето деби, тој станал деветтиот најмлад играч кој дебитирал во историјата на клубот.[3] Својот прв гол за клубот го постигнал на 4 март 2019, во ремито 3-3 на гостувањето кај Мидтјиланд.
Следната сезона станувајќи редовен стартер, Кудус постигнал 11 голови на 25 натпревари во данското првенство. Во текот на сезоната, тој бил користен на многу различни позиции, како играч од средниот ред, офазнивен играч за врска, крило и како напаѓач и речиси на секоја се снашол одлично, со што го привлекол вниманието на неколку позвучни европски клубови.
На 16 јули 2020 година, Кудус потпишал петгодишен договор со Ајакс за 9 милиони евра. Своето официјално деби за клубот го направил на 20 септември во натпревар против РКЦ Валвајк во Ередивиси. Бргу по доаѓањето, тренерот Ерик тен Хег го нарекол Кудус играч со „неверојатен потенцијал“.[4][5] Шест дена подоцна, во својот втор настап за Ајакс, Кудус му асистирал на Антони за победничкиот гол во успехот со 2-1 над Витесе. На 18 октомври 2020, Кудус го постигнал својот прв гол за Ајакс и асистирал за уште други два во победата со 5-1 над Херенфен. Три дена подоцна, го направил своето деби во Лигата на шампионите во домашниот натпревар против Ливерпул, но сепак, тоа за него завршило несреќно: тој бил заменет по само шест минути, бидејќи се здобил со повреда во менискусот на коленото која го извадила од терените за неколку месеци.[6] На 18 април 2021, иако го поминал целиот натпревар на клупата на крајот можел да се радува со својте соиграчи на освојувањето на првиот свој трофеј во кариерата, откако Ајакс го победил Витесе со 2-1 во финалето на Купот на Холандија. На 9 мај 2021, влегувајќи од клупатан за резерви Кудус го постигнал третиот гол за Ајакс во победата со 3-0 во дербито со Фејенорд. Сезоната ја завршил со 17 настапи и 4 гола во првенството, придонесувајќи за 35-тата освоена титула на Ајакс.
На 7 септември 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 4–0 над Ренџерс.[7]
Дебитирал за сениорската репрезентација на Гана на 14 ноември 2019, постигнувајќи го притоа својот прв гол за црните ѕвезди во победата со 2-0 во Кејп Коуст над Јужна Африка во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021.
Во ноември 2022, Кудус бил повикан во составот на Гана од страна на селекторот Ото Адо за Светското првенство 2022. Во вториот натпревар од групната фаза, Кудус постигнал два гола во победата на Гана со 3-2 над Јужна Кореја.[8]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
14-11-2019 | Кејп Коуст | Гана | 2 – 0 | Јужна Африка | Квал. за АФКОН 2021 | 1 | 61' | |
18-11-2019 | Саун Томе | Саун Томе и Принсип | 0 – 1 | Гана | Квал. за АФКОН 2021 | - | 65' | |
25-3-2021 | Јоханесбург | Јужна Африка | 1 – 1 | Гана | Квал. за АФКОН 2021 | 1 | ||
28-3-2021 | Кејп Коуст | Гана | 3 – 1 | Саун Томе и Принсип | Квал. за АФКОН 2021 | - | 79' | |
8-6-2021 | Рабат | Мароко | 1 – 0 | Гана | Пријателска | - | 68' | |
12-6-2021 | Кејп Коуст | Гана | 0 – 0 | Брег на Слоновата Коска | Пријателска | - | ||
9-10-2021 | Кејп Коуст | Гана | 3 – 1 | Зимбабве | Квал. за СП 2022 | 1 | 31' 90+2' | |
12-10-2021 | Хараре | Зимбабве | 0 – 1 | Гана | Квал. за СП 2022 | - | 86' | |
11-11-2021 | Јоханесбург | Етиопија | 1 – 1 | Гана | Квал. за СП 2022 | - | ||
14-11-2021 | Кејп Коуст | Гана | 1 – 0 | Јужна Африка | Квал. за СП 2022 | - | 12' | |
25-3-2022 | Кумаси | Гана | 0 – 0 | Нигерија | Квал. за СП 2022 | - | ||
29-3-2022 | Абуџа | Нигерија | 1 – 1 | Гана | Квал. за СП 2022 | - | 73' | |
1-6-2022 | Кејп Коуст | Гана | 3 – 0 | Мадагаскар | Квал. за АФКОН 2023 | 1 | 87' | |
5-6-2022 | Луанда | Централноафриканска Реп. | 1 – 1 | Гана | Квал. за АФКОН 2023 | 1 | ||
10-6-2022 | Кобе | Јапонија | 4 – 1 | Гана | Кирин Куп | - | 68' | |
14-6-2022 | Суита | Чиле | 0 – 0 (1 – 3 пен.) | Гана | Кирин Куп | - | ||
23-9-2022 | Ле Авр | Бразил | 3 – 0 | Гана | Пријателска | - | 83' | |
27-9-2022 | Лорка | Никарагва | 0 – 1 | Гана | Пријателска | - | 90+3' | |
24-11-2022 | Доха | Португалија | 3 – 2 | Гана | СП 2022 - Прва фаза | - | 45+1' 77' | |
28-11-2022 | Ал Рајан | Јужна Кореја | 2 – 3 | Гана | СП 2022 - Прва фаза | 2 | 83' | |
2-12-2022 | Ал Вакра | Гана | 0 – 2 | Уругвај | СП 2022 - Прва фаза | - | 90+8' | |
Вкупно | Настапи | 21 | Голови | 7 |
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2018-2019 | Норшелан | СЛ | 26 | 3 | КД | 1 | 0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | 24 | 2 | |
2019-2020 | СЛ | 25 | 11 | КД | 1 | 0 | - | - | - | - | 26 | 11 | |||
Вкупно Норшелан | 51 | 14 | 2 | 0 | 2 | 0 | - | - | 55 | 14 | |||||
2020-2021 | Ајакс | ЕД | 17 | 4 | КХ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 1+3 | 0 | - | - | 22 | 4 | |
2021-2022 | ЕД | 16 | 1 | КХ | 2 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | - | - | 20 | 1 | ||
2022-2023 | ЕД | 6 | 3 | КХ | 0 | 0 | ЛШ | 2 | 2 | СХ | 1 | 0 | 8 | 5 | |
Вкупно Ајакс | 39 | 8 | 3 | 0 | 8 | 2 | 1 | 0 | 51 | 10 | |||||
Вкупно во кариерата | 90 | 22 | 6 | 0 | 10 | 2 | 1 | 0 | 107 | 24 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.