From Wikipedia, the free encyclopedia
Планински смок (науч. Coronella austriaca) — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) која живее во Македонија[2], во северна и средна Европа и на исток до северен Иран. Постојат три подвида.[1]
Планински смок | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Змии |
Семејство: | Смокови |
Потсемејство: | Вистински смокови |
Род: | Coronella |
Вид: | C. austriaca |
Научен назив | |
Coronella austriaca Laurenti, 1768[1] | |
Двата пола во просек се долги 60 до 75 см. Во Шведска се забележани се две единки по 83 см, а во Русија е измерена единка долга 92 см.[3]
На главата има една муцкена лушпа која е барем толку длабока колку што е широка, образувајќи триаголна вдлабнатина помеѓу меѓуносните лушпи (ретко ги двои). На темето има девет големи лушпи. Носната лушпа често е поделена. Има само една (ретко две) предочна и две задочни лушпи. Слепоочните лушпи се во распоред 2+2 или 2+3 (ретко 1+2). Има седум (ретко осум) горноуснените лушпи, од кои третата или четвртата и петтата се граничат со окото.[3]
Средишниот дел од телото има 19 (ретко 17 или 21) реда грбни лушпи. За разлика од многу други змии што живеат на истото подрачје, лушпите им се мазни (не се засртени). Мажјаците имаат 150-164 стомачни лушпи, а женките имаат по 162–200. Чмарната лушпа е поделена (ретко цела), а подопашните лушпи се во парови. Мажјаците имаат по 54–70 подопашни лушпи, а женките по 40–76.[3]
Шарата на долниот дел од телото е кафеава, сива или црвенкасто кафеава[4] со два реда мали слабо забележливи точки долж грбот кон опашката. Во некои случаи, секој пар точки се спојува кај вратот neck area, образувајќи низа накрсни белези на грбот. Има и низа мошне слабо видливи точки долж страните на телото. Овие четири низи од точки се протегаат врз четири напоредни сенчести пруги кои исто така се протегаат по грбот и страните на телото.[3]
Врз главата има темен белег кој често има облик на круна, што се одразува во научното име родот — Coronella („круничка“). Од секоја ноздра се протега релативно широка темна пруга, оди над окото и долж страните на главата и завршува зад вратот. Горноусните лушпи се белузлави, сивкасто бели или светлокафеави, напати со темни точки. Јазикот е црвенкасто кафеав или темноцрвен.[3]
Планинскиот смок се храни со помали животни, особено со други влекачи. Поголемиот плен го совладува со стегање (давење), но за разлика од вистинските удави, пленот не го убива на овој начин.[5] Јајцата ги положува на топло место, закопувајќи ги во песок.
Во Британија живее само во вресишта.
Покрај Македонија, планинскиот смок се среќава во Англија, Франција, од Ниските Земји до северна Шпанија и Португалија, Германија, Норвешка и Шведска (на север сè до 63° СГШ), во Латвија, Литванија, Естонија, Швајцарија, Австрија, Италија со Сицилија (но без Корзика и Сардинија), западниот Балкан и Грција и европска Русија до 57° СГШ. Во Азија, планинскиот смок живее од Турција до Азербејџан, Грузија, Ерменија и северен Иран.[4]
Во Финска, оваа змија се среќава само по островите на Оланд, а и таму е поретка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.