Проституција претставува дејност или пракса на ангажирање во сексуална активност во замена за одреден надомест во пари или во производи.[1][2] Проституцијата се опишува како сексуални услуги или комерцијален секс, а колоквијално се нарекува курвање. Исто така, таа се опишува со примена на еуфемизмот „најстариот занает“.[3][4] Лицето кое се занимава со проституција се нарекува проститутка или сексуален работник (работничка), а колоквијалниот израз е „курва“.
„Тељеовата куќа“ (француски: La Maison Tellier) — расказ на Ги де Мопасан од 1881 година.[9]
„Средишница“ — расказ на рускиот писател Виктор Пелевин од 1991 година.[10]
Проституцијата како мотив во популарната музика
„Средовечна курва“ (англиски: Middle-aged Whore) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..[11]
„Божиќна честитка од една курва во Минеаполис“ (англиски: Christmas Card From A Hooker In Minneapolis) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1978 година.[12]
„Роксен“ (англиски: Roxanne) — песна на британската рок-групаПолис (The Police) од 1978 година.[13]
„Барокен бордел“ (англиски: Baroque Bordello) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1979 година.[14]
„Курви“ (англиски: Whores) — песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Janes Addiction) од 1987 година.[15]