Ѓермо

село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓермоmap
Remove ads

Ѓермо — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Според турски документи од 1626-1627 година село Гермоној се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 19 македонски семејства (ханиња). Во XIX век Ѓермо веќе било наполно албанско село во Тетовска каза.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓермо живееле 165 жители, сите Албанци.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ѓермо — село во Џепчишка општина (со центар во Порој) и има 80 куќи со 480 жители Албанци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 962 жители, од кои 960 Албанци и 2 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 569 жители, од кои 538 Албанци и 31 лице без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Ѓермо денес е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Матњан (40 к.) името го добиле по областа од која се доселиле. А тоа е областа Матија во северна Албанија. Од старото место дошле преку Метохија и некои околни тетовски села. Имаат роднини во селото Вешала; Аскалар (19 к.) доселени се од местото Хаса во северна Албанија. Овде се доселени во првата половина на XIX век. Имаат иселеници во Тетово; Топојани (26 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија; Вешалар (8 к.) доселени се од селото Вешала. Подалечно потекло од северна Албанија; Зрза (5 к.) името го добиле по селото од кое се доселиле. А тоа било селото Зрза, помеѓу Призрен и Ѓаковица. Подалечно потекло од Албанија; Лучалар (2 к.) доселени се од некое село Луч во северна Албанија; Шеерли (2 к.) доселени се од Тетово. Подалечно потекло од северна Албанија.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1999 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од старите православни родови иселени од селото се знае за Терзинци, иселени во Непроштено.[11]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads