Ѓоле
река во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓоле (Езерска Река[1] или Курти;[2] грчки: Γκιόλε, Γκιόλι, Голи) — река во Костурско, Егејска Македонија.[3] Долга е 10 км.
Remove ads
Местоположба
Реката е единствениот истек од Костурското Езеро. Името ѝ потекнува од турскиот поим göl - „езеро“.[3] Се одлева од јужниот крај на езерото, на 1,85 км источно од Дупјак и западно од Крпени, па тече на југ со меандри. Минува под првокласниот пат од Костур за Клисура. Тече покрај Здралци, Слимништа и Нова Костараџа, па се влева во Бистрица како нејзина лева притока.
Револуционерот Георги Христов напишал за реката:
„ | Недалеку од устието на последната (Беливод) р. Бистрица ги прибира Езерските води. Езерска Река, секогаш полноводна и постојано бистра, тече целосно тивко по длабочко корито, речиси непроодно. Тесен коридор го дели од голата каменлива и карпеста Саракина Планина.[4] | “ |
На истекот на Ѓоле од езерото е направена брана од француски инженери во 1916 г.[5] Во 1932 г. е изградена бетонска преводница со подвижни капаци за да се контролира нивото на езерото.[5][6] Подоцна вратите се заменети со електрични,[5] сместени на 550 м од бреговата линија на езерото, за да спроведување на вода во реката.[3] Експерименталното регулирање на вратите во 2016 г. го подобрило квалитетот на езерската вода од лошо во 2014 до средно во 2016 г.[7]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads