Нова Костараџа

село во Костурско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Нова Костараџа
Remove ads

Нова Костараџа (грчки: Νέο Κωσταράζι, Нео Костарази) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 609 жители (2021).

Кратки факти Нова Костараџа Νέο Κωσταράζι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 20 км јужно од градот Костур и на 5 км северно од с. Богатско. Лежи на левиот брег на реката Ѓоле, во западното подножје на планината Саракина. На 4 км на запад горе на Саракина се наоѓаат урнатините на старото село Костараџа, од кое останала само црквата „Рождество на пресв. Богородица“.

Историја

За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) старото село Костараџа тешко настрадало и неговите жители се расеале по градските центри и рамничарските села. Подоцна ова население е преместено во Нова Костараџа доста пониско.[2]

Во 1997 г. влегло во состав на општината Јон Драгумис, која на 1 јануари 2011 г. е припоена кон општината Рупишта согласно законот „Каликратис“.[3]

Стопанство

Селото произведува жито, тутун и грав. На пространите пасишта има доста добиток.[2] Атарот зафаќа површина од 2202 хектари.

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads