Ѓорѓи Стојановски (Куклица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓорѓи Михајлов Стојановски (15 април 1920 во Куклица — 1945 во Куклица) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Израснал во cиpoмaшнo земјоделско семејство за кое ѝ самиот се грижел уште од најраните детски години, за да придонесе за прехрана и опстанок на своето семејство. Во околината на селото често дејствувале единици на НОВ со кои контактирал и имал желба да им се приклучи во народноослободителното движење. Оваа желба му се остварила на 15 август 1944 година, кога го напуштил стадото и пристапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Учествувал во многу борби што ги водела Бригадата до конечното ослободување на Македонија. Земал учество ѝ на Сремскиот фронт во борбите крај Шид, Банова Јаруга и други места. Од секојдневните борби, по невреме и големи напори, тој се разболел. По оздравувањето, пак се вратил помеѓу своите другари, но по кратко време, повторно се разболел, по што се вратил дома каде и починал. Ѓорѓи зад себе оставил семејство со две малолетни деца.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads