Румелиски Пашалак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Румелиски Пашалак
Remove ads

Румелиски Пашалак, или Румелиски Ејалет (отомански турски: ایالت روم ایلی, romanized: Eyālet-i Rūm-ėli),[2] познат како Румелиски Беглербеглук до 1591 година,[3]покраина од прво ниво (пашалак/ејалет/беглербеглук) на Отоманската Империја која го опфаќала поголемиот дел од Балканот („Румелија“). Во поголемиот дел од својата историја, тој бил најголемата и најважната покраина на Империјата, опфаќајки клучни градови како Одрин, Јанина, Софија, Пловдив, Битола, Скопје и главното пристаниште Солун. Тој исто така бил меѓу најстарите отомански пашалаци, кој траел повеќе од 500 години со неколку територијални преструктуирања во текот на долгиот тек на неговото постоење.

Кратки факти

Главен град бил Одрин, Софија и на крајот Битола. Неговата заведена површина во алманах од 1862 година била 124,630 км2.[4]

Remove ads

Историја

Првично наречен беглербеглук или општо вилает („покраина“) Румелија, дури по 1591 година бил употребен поимот ејалет.[3]

Првиот беглербег на Румелија бил Лала Шахин-паша, кој ја добил титулата од султанот Мурат I како награда за неговото заземање на Одрин во 1360-тите, и му била дадена воена власт над османлиските територии во Европа, со кои тој ефективно управувал како заменик на султанот додека султанот се враќал во Анадолија.[3][5][6] Исто така, Силистренскиот Пашалак бил основан во 1593 година.

Од своето основање, покраината Румелија ја опфаќала целата европска сопственост на Отоманската Империја, вклучувајќи ги и прекудунавските освојувања како Акерман, сè до создавањето на понатамошни пашалаци во 16 век, почнувајќи со Островскиот (1533), Будимскиот (1541) и Босанскиот (1580).[5][6]

Првиот главен град на Румелија веројатно бил Одрин, кој исто така бил, до падот на Константинопол во 1453 година, главен град на Османлиите. По неа некое време следела Софија и повторно Одрин до 1520 година, кога Софија повторно станала седиште на беглербегот.[6] Во тоа време, беглербегот на Румелија бил командант на најважната воена сила во државата во облик на тимарско спахиска коњица, а неговото присуство во главниот град во овој период го направило редовен член на царскиот совет (диван). Од истата причина, моќните големи везири како Махмуд-паша Ангеловиќ или Паргали Ибрахим-паша го држеле беглербеглукот во тандем со власта на големиот везир.[5]

Во 18 век, Битола се појавила како заменско престојувалиште на управникот, а во 1836 година службено станала главен град на пашалакот. Речиси во исто време, танзиматските реформи, насочени кон осовременување на Империјата, ги разделиле новите пашалаци на Скопски, Јанински и Солунски и го намалиле Румелискиот Пашалак на неколку покраини околу Битола. Застарениот пашалак опстанал до 1867 година, кога, како дел од преодот кон поунифицираниот вилаетски систем, неговата територија станала дел од Битолскиот Вилает.[5][7][8]

Источна Румелија станала нова османлиска покраина во 1878 година (формално до 1908 година, но обединета со Кнежеството Бугарија од 1885 година).

Remove ads

Управници

Управникот на Румелискиот Пашалак бил нарекуван „Беглербег на Румелија“ (Румели бејлербеји) или „Валија на Румелија“ (Румели вали).

Повеќе информации Управник, Владеење ...
Remove ads

Административни единици

1475 година

Во списокот датиран во 1475 година, се наведени седумнаесет подредени санџак-бегови, кои контролирале помали покраини односно санџаци, кои исто така функционирале како воени команди:[5]  

  1. Константинополски
  2. Галиполски
  3. Одрински
  4. Никополски
  5. Видински
  6. Софиски
  7. Лазарова Земја
  8. Деспотска Земја
  9. Ениџевардарско (под Евренос-бег)
  10. Скопски
  11. Албанска Земја (под Скендербег)
  12. Албанска Земја (под Аријанитите)
  13. Босански
  14. Босна (под Стефан)
  15. Артски, Ламиски и Атински
  16. Морејски
  17. Битолски

1520-ти

Друг список, кој датира од раното владеење на Сулејман Величествениот (владеел 1520–1566), ги наведува санџак-беговите од тој период, по приближен редослед на важност.:[5]

  1. Бег на паша-санџакот (главниот санџак)
  2. Босанки
  3. Морејски
  4. Смедеревски
  5. Видински
  6. Херцеговински
  7. Силистренски
  8. Охридски
  9. Валонски
  10. Скадарски
  11. Јанински
  12. Галиполски
  13. Ќустендилски
  14. Никополски
  15. Софиски
  16. Навпактски
  17. Трикалски
  18. Крушевачки
  19. Вучитрнски
  20. Кефенски
  21. Призренски
  22. Карлелски
  23. Евбејски
  24. Черноменски
  25. Визенски
  26. Зворнички
  27. Лерински
  28. Елбасански
  29. Санџак-бег на „Циганите“)
  30. Митиленски
  31. Карадаг (Црна Гора)
  32. Санџак-бег на „муслиманите од Кирк Килисе“)
  33. Санџак-бег на војнуците

  Тие што биле санџак-бегови на „циганите“, муслиманите од Кирк Килисе, и војнуците, не биле со територија назначени, туку претставувале само санџак-бег назначен да ги контролира овие расфрлани и често номадски групи, и кој дејствувале како командант на воените сили регрутирани меѓу нив. Паша-санџакот во овој период опфаќал широк простор во западна Македонија, вклучувајќи ги градовите Скопје, Прилеп, Битола и Костур.[5]

Сличен список составен околу 1534 година, ги дава истите санџаци, освен отсуството на Софискиот, Леринскиот и Навпактскиот (меѓу покраините пренесени кон новиот Островски Пашалак во 1533 година), и додавањето на Солунскиот.[5]

1538 година

Во 1538 година, биле наведени 29 ливи (санџаци) за време на владеењето на султанот Сулејман I.[38]

  1. Софиски (румелиски паша-санџак)
  2. Евбејски
  3. Крушевачки
  4. Валонски
  5. Босански
  6. Черноменски
  7. Галиполски
  8. Херцеговински
  9. Елбасански
  10. Скадарски
  11. Зворнички
  12. Карлелски
  13. Кефенски
  14. Ќустендилски
  15. Морејски
  16. Никополски
  17. Охридски
  18. Призренски
  19. Родоски
  20. Смедеревски
  21. Силистренски
  22. Трикалски
  23. Видински
  24. Визенки
  25. Вучитрнски
  26. Јанински
  27. Кирккилиски (Лозенградски)
  28. Цигански
  29. Војнучки

1644 година

Понатамошни санџаци биле отстранети со прогресивното создавање на нови пашалаци, и еден службен регистар од околу 1644 година, евидентирал само петнаесет санџаци во Румелискиот Пашалак:[5]

  1. Ќустендилски
  2. Трикалски
  3. Призренски
  4. Јанински
  5. Делвински
  6. Вучитрнски
  7. Скопски
  8. Елбасански
  9. Валонски
  10. Пеќки
  11. Скадарски
  12. Охридски
  13. Крушевачки
  14. Солунски
  15. Војнучки

 

1700/1730 година

Thumb
Румелискиот Пашалак во 1795 година.

Административната поделба на Румелискиот беглербеглук помеѓу 1700-1730 година била следна:[39]  

  1. Паша-санџак, односно Битолски
  2. Ќустендилски
  3. Трикалски
  4. Јанински
  5. Делвински
  6. Елбасански
  7. Скадарски
  8. Валонски
  9. Охридски
  10. Крушевачки
  11. Солунски
  12. Пеќки
  13. Призренски
  14. Скопски
  15. Вучитрнски
  16. Војнучки
  17. Цигански
  18. Јуручки

Почетокот на 19 век

Санџаците во почетокот на 19 век:[40]  

  1. Битолски
  2. Солунски
  3. Трикалски
  4. Скадарски
  5. Охридски
  6. Валонски
  7. Ќустендилски
  8. Елбасански
  9. Призренски
  10. Пеќки
  11. Скопски
  12. Делвински
  13. Вучитрнски
  14. Кавалски
  15. Крушевачки
  16. Јанински
  17. Смедеревски

Средината на 19 век

Thumb
Намалениот пашалак во 1850-тите.

Според државниот годишник (салнаме) од 1847 година, намалениот Румелиски Пашалак, со седиште во Битола, ги опфаќал и Скадарскиот, Охридскиот и Костурскиот Санџак. Во 1855 година, според францускиот патеписец Огист Викеснел, пашалакот ги сочинувал Скадарскиот Санџак, со 7 кази (помали административни единици), Охридскиот со 8 кази, Костурскиот со 8 кази и Битолскиот Паша-санџак со 11 кази.[41]

Remove ads

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads