ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Детелинка“
подрачна градба на детска градинка во Драчевиќ, Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Детелинка“ ― детска градинка која се наоѓа во Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.
Remove ads
Местоположба
Градинката се наоѓа во населбата Драчевиќ, во западниот дел на Кочани.
Историја
Градежните активности и припремата започнале во ноември 2019 година.[1] Во мај 2020 година, биле ставани темелите на градбата.[2] Во октомври 2021 година, министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посетила завршената градинка.[3]
Објектот бил предаден во употреба на 1 февруари 2025 година, а на свеченоста присуствувал премиерот Христијан Мицкоски.[4]
Особености
Градинката има шест групи, (две јаслени за деца до две годишна возраст и четири до шестгодишна возраст) со сместивост до 112 дечиња. Градинка нуди згрижување на дечиња со попреченост.
Градинката која има приземје и кат, располага со лифт, со две кујни сместени на приземје и на кат, внатрешно детско игралиште со тобоган кој ги поврзува двете нивоа, како и друга опремнина за качување. Детската градинка има и надворешна занимална, која по потреба може да биде отворена или затворена зависно од временските услови.[3]
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads