ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Цветови“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Цветови“ ― детска градинка што се наоѓа во Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.
Remove ads
Местоположба
Градинката се наоѓа во северниот дел на градот, непосредно до Градскиот пазар и во близина на џамијата Дуди Ханум.
Историја
Изградбата на објектот почнала во почетокот на 80-те години од 20 век и се одвивала бавно, во период од скоро две децении. Свеченото предавање во употреба било на 19 јануари 2001 година. Комплетирањето на изградбата било помогнато со финансиска помош од Владата на Република Кина - Тајван.
На отворањето на објектот присустувал и тајванскиот амбасадор Питер Ченг, во придружба на своите соработници, како и министерот за труд и социјална политика, Бедредин Ибраими и други гости и граѓани. Притоа, амбасадорот Ченг истакнал дека овој објект е во низата од шест инфраструктурни проекти што во Македонија ги помага неговата земја, а износот на вложените средства се движел околу 22 милиони денари.[1]
Remove ads
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads