Јазирци

историско село во денешна Општина Бутел From Wikipedia, the free encyclopedia

Јазирциmap
Remove ads

Јазирци — историско село, сместено високо на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Селото Јазирци се наоѓало на планината Скопска Црна Гора северно и над селата Раштак, Љуботен и Љубанци. Денес низ месноста тече Јазирска Река, а атарот е поделен меѓу Радишани и Љуботен во денешна Општина Бутел.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Во пишаните историски документи за селото Јазирци се среќава запис во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото Јазирце е запишано дека во него живееле со 34 христијански македонски семејства кои произведувале пченица, јачмен, овес, ’рж, просо, граор, бостан, лен, овошје, одгледувале лозја, чувале свињи и пчели и работела една воденица и овошен расадник за што се остварувал севкупен обрт од приходи и давачки од 5473 акчиња[2]. Подоцна во XIV век во пописните дефтери од 1544 година Јазирци имало 65 македонски христијански семејства, а во 1568 година биле регистрирани 71 христијански семејства[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Јазвиреце и имало мешано христијанско[3] и муслиманско[4] население, каде имало 7 христијански и 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 25 мажи христијани, со 1 новороденче и 18 мажи муслимани со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 98 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 248 жители.[5]

Иако низ историјата селото било македонско, во поновиот период во него се населиле Албанци на кои тоа им станало главно упориште од каде вршеле многу грабежи и насилства над остантите села, особено на Раштак, заради што самото село Јазирци било уништено во 1912 г. за време на Балканските војни.

Кон крајот на XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 г. во селото веќе живееле 145 Арнаути муслимани.[6]

Иако веќе било уништено, на етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Јазирце (Jazirce) како албанско село.[7] Истото го потврдува и Афанасиј Селишчев во 1929 г.[8]

Remove ads

Поврзано

Културно-историска оставнина

  • Јазирци — осамен наод од римското време. Во непосредната близина на селото, во 1957 година е откриена надгробна стела со латински натпис. Се чува во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads