Игуменица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Игуменица (грчки: Ηγουμενίτσα) — крајбрежен град во Cеверозападна Грција. Тој е главен град на подрачната единица Теспротија. Неговото оригинално античко име било "Tитани". 670-километарски автопат „Егнатија“, кој е главната артерија на Северна Грција, завршува во Игуменица.
Remove ads
Историја
Во антички времиња Игуменица беше познат како Титани, (Gitani, Gitana, Goumani) и беше еден од најважните градови на Кралството Теспротија во текот на 4 век п.н.е., што опфаќа 28 хектари. Обемот на нејзините ѕидови беше 2400 метри. Ѕидовите имаа четири порти. Внатрешните ѕидови, во облик на срп, го делеа градот на половина. Нејзината најважна кула, се наоѓа на врвот на ридот, во облик на круг, и се смета дека била верско светилиште. Ископувањата открија театар со 2.500 седишта и урнатини на два храмови.
Remove ads
Општина
Сегашната општина Игуменица беше формирана со реформата на локалната власт во 2011 со спојување на следните 5 поранешни општини, кои стана општински единици (напишани во загради):
- Игуменица (Агиа Марина, Агиос Власиос, Грекохори, Игуменица, Kaстри, Криовриси, Ладохори, Мавруди, Неа Селефкиа)
- Маргарити (Елефтери, Картери, Катавотира, Маргарити, Мазаракиа, Месовуни, Спатареи)
- Парапотамос (Дримица, Героплатанос, Коритиани, Парапотамос)
- Пердита
- Сивота (Аргиротопос, Фаскомилиа, Платариа, Сивота)
Remove ads
Сообраќај
Од Патра, Грција до Бриндизи, Италија со ферибот на Hellenic Mediterranean Lines застануваат во Игуменица, влегуваат во Јадранско Море и обратно, како и бродови на Superfast Ferries, ANEK lines и неколку други бродски компании, одат до Анкона, Бари и Венеција во Италија, и обратно. Честo патувања со ферибот има и до Крф.
„Егнатија“, отворен во 2009 година и е дел од E90, значително ја подобри врската со Солун и Турција и го скрати времето од и до турската граница за само неколку часа. Меѓу Солун и на турската граница, патот тече повеќе или помалку напоредно на римскиот пат Вија Егнација.
Население во градот
Клима
Просечните врнежи во Игуменица се околу 1100 мм. За споредба во Атина е само 380 мм; на Крит е 640 мм, а во Јанина 1300 мм.
Ова е табела на просечните температури на коппното и морето во 2005 г.
Remove ads
Збратимени градови
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads