Јаргулица
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јаргулица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 818 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Remove ads
Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Аргурица во XVI век (1519 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Јаргул, што веројатно е варијанта на Јорго или Георги или пак од личното име Аргул/Аргир со значење „сребро“.[4]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Радовишкото Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар на мал дел се допира со подрачјето на Општина Василево.[5] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 17,5 километри.[5]
Селото се наоѓа во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.
До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.
Remove ads
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 18 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.018 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 521 хектар, а на пасиштата 142 хектари.[5]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[5]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јаргулица живееле 356 жители, од кои 200 Турци и 156 Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јаргулица имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Јаргулица живееле 351 жител, од кои 159 Турци и 192 Македонци.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци, 250 Македонци и 25 до 50 Власи.[10]
Јаргулица е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 627 жители, од кои 520 биле Македонци, а 97 жители Турци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 811 жители, од кои 809 биле Македонци и двајца жители Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Јаргулица живееле 818 жители, од кои 816 Македонци и 2 Турци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 628 жители, од кои 567 Македонци и 61 лице без податоци.[11]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Јаргулица:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Јаргулица во минатото било мешано македонско-турско село, но денес е целосно населено со македонско население.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[12]
- Македонски родови:
- Староседелци: Ристовци со Филевци, Доневци и Коцевци (7 к.), Митковци со Јовановци, Поцевци и Коцевци (6 к.), Стојановци и Ристовци (6 к.), Малиновци и Стојчевци (1 к.), Мицевци со Милевци, Глигоровци, Јефтимовци, Тушевци и Николовци (9 к.), Доневци и Ѓоргевци (6 к.), и Јовановци (3 к.).
- Доселеници: Наковци (2 к.) и Атанасовци (3 к.), доселени се во различен период од раселеното село Восанци.
- Турски родови:
- Доселеници: Михтаровци и Идризовци (10 к.), Рустеновци и Усеиновци (9 к.), Мустафовци и Шерифовци (10 к.) и Аметовци и Усеиновци (8 к.).
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Коста Рацин“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Коста Рацин“ - Подареш
- Центар за ран детски развој[13]
- Месна заедница
- Поранешен задружен дом
- Спортски терен и задружниот дом во позадина
- Лулашки
- Основното училиште
Самоуправа и политика
Во XIX век, Јаргулица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Подареш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Јаргулица, се наоѓале и селата Дурутлија, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.
Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1621 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 648 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 678 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Цркви[17]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква.
- Реки[18]
- Восанска Река — тече низ атарот на селото
Култура и спорт
Во селото работи фудбалскиот клуб „Јака Радовиш“.
Галерија
- Куќи во селото
- Поглед на Јаргулица
- Сретселото
- Сретселото
- Улица низ селото
- Стара куќа
- Поглед на селото
- Поглед на селото
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads