Јелошник
село во Општина Теарце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јелошник — село во Општина Теарце.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]
Денес Јелошник е раселено село. Според пописот од 2002 не се забележани жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
Јелошник било македонско село.
Според испитувањата вршени во 1947 година, родови во селото биле:
- Малоќевци (16 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи и Теарце.
- Поповци или Спасеновци (11 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи, Теарце, Доброште и Русе (две семејства).
- Богојновци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Чарапиновци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи, Теарце, Доброште и во Кишењево.
- Секуловци (2 к.) доселени се од селото Боговиње, денес албанско село.
- Љумљанци или Богданоќевци (9 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија, порано ги викале Латинци. Овде се доселиле браќата Јане и Богдан доста рано. Имаат иселеници во Глоѓи, Доброште, Теарце. А преку 30 нивни семејства живеат во Тетово, Белград, Букурешт, итн.[7]
Remove ads
Општествени установи
- Цркви
- Црква „Св. Богородица“ - Јелошник[8] - изградена во и осветена во 1872 година, врз темели на сакрален објект, веројатно од XVII век.
- Црква „Св. Благовештение“ - Јелошник — црква посветена на Света Богородица
- Црква „Вознесение Христово“ - започната во 2000 и завршена и осветена во 2018 година;
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads