Боговиње
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Боговиње — село во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово, северозападна Македонија. Претставува едно од најголемите тетовски села, а воопшто и полошки. Селото е седиште на истоимената општина.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата е наоѓа на, речиси, крајниот југозападен дел на Долни Полог, недалеку од патот Тетово-Гостивар, односно, од неговата десна страна. Населбата претставува општински центар и седиште на истоимената општина. Инаку, селото е рамничарско, на надморска височина од 550 метри. Од централното место Тетово населбата е оддалечена 12 км.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 42 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[2]
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Во 1912 година влегува во рамките на Кралството Србија, кадешто е во рамките на општина Брвеница.[3]
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 11 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 838,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 39,8 ха, а на шумите 99,1 ха. Според тоа, селото има полјоделска функција.[4]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Боговиње живееле 600 жители, сите Албанци.[5]
Во 1914 година има 1269 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.600 Албанци.[7]
Боговиње е најголемото албанско село во Македонија, коешто во 1961 година имало 2.746 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 5.670 жители, албанско население.
Според пописот во 2002 година, селото има 6.328 жители, од кои 6.273 Албанци, 1 Македонец и 49 останати,[8] и претставува едно од најголемите села како во Полошко, така и во цела Македонија.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5.239 жители, од кои 1 Македонец, 4.829 Албанци, 1 Влав, 1 Србин, 1 Бошњак, 1 останат и 405 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови:
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[14]
Боговиње е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Ковач маало
- Коваче (11 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од XVIII век. Имаат иселеници во Тетово.
- Кусе (5 к.) и они се доселени од северна Албанија.
- Рустеми (6 к.) доселени се од северна Албанија.
- Тоље (4 к.) потекло како претходните родови.
- Шаини (7 к.)селени се од селото Долно Палчиште. А таму од досеверна Албанија.
- Бељуље (2 к.) млади доселеници. Доселени се од северна Албанија.
- Жаре (2 к.) млади доселеници од северна Албанија.
Зизе маало
- Зизе (33 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од основачот на родот Азис, он се доселил со неговиот брат. Го знаат следното родословие: Неваип (жив на 30 г. во 1948 година) Ајет-Абаз-Елмас-Сали, кој се доселил во селото.
Касе маало
- Вјше (20 к.) доселени се од некое место во Албанија.
- Фетише (15 к.) исто потекло како и претходниот род.
Алиле маало
- Алиле (14 к.) доселени се од северна Албанија
- Касафере (14 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Потекнуваат од братот од основачот на родот Алиле.
- Леике (5 к.) доселени се од Албанија.
- Маршине (4 к.) доселени се од Ново Село. Таму се доселиле од некое село во областа Љума во северна Албанија.[15]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2071, 2071/1, 2072, 2073, 2073/1, 2074, 2074/1, 2075 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо и ново основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 5.965 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Бесник Фетаи - македонски политичар, член на ДПА и министер за економија (Влада на Македонија од 1998)
- Фитим Касапи (24 февруари 1964) - македонски правник, претседател на Основон суд - Дебар
- Веби Џемаили (р. 1952) - професор по историја, политичар и пратеник во Собранието на Македонија (пратенички состав 1991-1994)[18]
- Блерим Џемаили (р. 12 април 1986) - швајцарски фудбалер, репрезентативец на Швајцарија[19]
- Арифхикмет Џемаили (р. 17 ноември 1953) - проректор на тетовскиот универзитет и министер за култура на Македонија[20]
- Исмаилхаки Хасани (р. 23 мај 1949) - македонски правник, апелационен судија[21]
Култура и спорт
Иселеништво
Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Секуловци иселени се во селото Јелошник.[15]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads