Глоѓи

село во Општина Теарце From Wikipedia, the free encyclopedia

Глоѓиmap
Remove ads

Глоѓи — село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1616-1627 година се споменува како село Глоге со 18 домаќинства.[2]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Глоѓи живееле 210 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глоѓи имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.295 жители, од кои 310 Македонци, 983 Албанци, 1 Турчин и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.106 жители, од кои 230 Македонци, 850 Албанци, 4 Турци, 1 Србин, 2 останати и 19 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Глоѓи е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонски родови:
  • Петревци (11 к.) најстари доселеници, доселени се од сега албанско-муслиманското село Радуша.
  • Поповци (15 к.) доселени се од селото Дуф, Гостиварско. Имаат иселеници во Романија (едно семејство), Америка (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
  • Чарапиновци или Матовци (4 к.) доселени се од селото Јелошник.
  • Љумљанци (16 к.) се делат на Галовци и Анчевци. Исто така доселени се од селото Јелошник, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
  • Мисајловци (2 к.) доселени се од селото Старо Село, го знаат следното родословие: Младен (жив на 30 г. во 1940-тите) Атанас-Мисајло-Будим, предокот кој се доселил.
  • Секуловци (4 к.) доселени се од селото Јелошник, таму имаат роднини, подалечно потекло од селото Боговиње.
  • Малоќевци (6 к.) и они се доселени од селото Јелошник, таму биле староседелци, и имаат роднини во селото.
  • Поповци (5 к.) исто така доселени се од Јелошник, каде имаат роднини, во Јелошник биле староседелци.
  • Албански родови:
  • Елезовци (41 к.) се делат на Садиковци, Идризовци и Оџини, доселени се на крајот од XIX век од селото Иваје кај Качаник. Подалечно потекло имаат од фисот Красниќ во северна Албанија.
  • Шериф (1 к.) доселени се преку Шемшево, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат иселеници преку Тетово во Турција (едно семејство).[8]
Remove ads

Општествени установи

Централното основно училиште „Асдрени“ е сместено во село Глоѓи и обезбедува настава од 1 до 8 одделение на албански јазик. Училиштето ги опфаќа децата од селата Пршовце и Глоѓи. Во училиштето функционира една комбинирана паралелка за децата од 1,2,3 и 4 одделение кои следат настава на македонски јазик. Овие ученици од 5 до 8 одделение посетуваат настава во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

Вкупниот број на некомбинирани паралелки од 1-8 одделение е 18. Училиштето работи во две смени. Реонот на централното основно училиште „Асдрени“ ги покрива селата Пршовце и Глоѓи.

Училиштето е изградено во 1933 година, а во 1981 е доградено. Објектот е составен од подрум и два спрата и во целост (и стариот дел и новиот дел) се во добра состојба. Во објектот е застапена комплетна инфрастуктура има водовод, канализација и електрична инсталација кои ги задоволува потребните норми и стандарди, но тоалетите се во лоша состојба. Во 1996 година објектот е реконструиран. Греењето на објектот е со ќумбиња на дрва. Вратите и прозорците се во лоша состојба.

Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2023 и 2024 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.221 гласач.[10]

Културни и природни знаменитости

Цркви

Редовни настани

Личности

  • Езекил (1836 – 1898) - македонски игумен и голем борец против странските пропаганди во Македонија
  • Љупчо Силјановски (р. 29 јули 1949) - македонски поет, раскажувач, драмски писател. Член на Друштвото на Писателите на Македонија.

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads