Венер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Венер (германски: Weener) — град во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Се наоѓа близу границата со Холандија, на реката Емс. Венер претставува најголем град во областа Рајдерланд. Поседува железничка и автопатска врска до Гронинген (Холандија), Емден и Бремен.
Remove ads
Географија
Местоположба
Градот Венер се наоѓа во југозападниот дел на областа Источна Фризија. Тој е единствениот град на областа сместен на западниот брег на реката Емс. Венер е означен како „Зелениот град во Рајдерланд“[2] и е средиште на германскиот дел на областа. Недалеку од градот се наоѓа Доларт и границата со холандската покраина Гронинген. Околни големи градови се Олденбург и Гронинген во Холандија.
Соседни општини
Венер се граничи со шест општини (почнувајќи од запад, надесно): Бунде, Јемгум, Лер и Вестоверлединген (спроти Емс). Овие четири општини се наоѓаат во округот Лер. Потоа, Венер се граничи со Папенбург (спроти Емс) и Ресе, обете во округот Емсланд.
Градски единици
Градот Венер се состои од градското јадро и 14 други единици. Бројот на жители во табелата се од 31 декември 2017 година.
Remove ads
Политика
Градски совет

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]
Градоначалник
Градоначалник на градот Венер е Хајко Абас (CDU).
Збратимени градови
Венер е збратимен со следниве градови:
Remove ads
Галерија
- Баптистичка црква
- Католичката црква
- Локалниот музеј
- Градската црква
- Фронехаус
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads