Јеринг
град во Данска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јеринг (дански: Hjørring, МФА: [ˈjɶɐ̯eŋ]) — град во северниот дел на Данска. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Северна Данска, каде со околните населени места ја сочинува истоимената општина Јеринг. Денес градот има околу 25.000 жители во градот и околу 67.000 во поширокото градско подрачје.
Remove ads
Природни услови
Градот се наоѓа во северниот дел на Данска и претставува најсеверно големо населено место во државата. Од главниот град Копенхаген е е оддалечен 460 километри на северозапад.
Градот се наоѓа во средишниот дел на најсеверниот дански остров Вендсисел. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи помеѓу 0-40 метри. Климата на Јеринг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја. Местото се образувало во близина на северниот брег на Северно Море. Во градот има и поголеми и значајни водени површини.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Јеринг било населено уште од праисториско време. Денешната населба првпат се споменува околу 1200 година, а во 1243 година населбата добила градски права.
И покрај петгодишната окупација на Данска од страна на Третиот Рајх (1940-45), градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
Денес Јеринг има околу 25.000 жители во градските граници и околу 67.000 со околните населени места.
Населението на Јеринг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
- Градското лого
- Црквата „Св. Катерина“
- Хотелот „Метропол“ во Јеринг
- Старата градска куќа
Надворешни врски
Јеринг на Ризницата ?
- Градски портал на Јеринг
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads