1243
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1243 (MCCXLIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1243 година од новата ера, 243. од вториот милениум, 43. од XIII век и четвртта од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6751 и 6752 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5993 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5003 и 5004 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1996.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1243 година се протега во 3879 и 3880, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3939 и 3940 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1786. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 640 и 641 исламска година.
Remove ads
Настани

- март - Договор од Алкарас: Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.
- 1 мај - Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит[1]
- 25 јуни - Папа Инокентиј IV го наследува Папа Целестин IV, како 180-ти папа.
- 26 јуни - Битка кај Ќосе Даг: Монголците ги победуваат на Селџуците.
- За првпат се споменува градот Брно.
- За првпат се споменува тврдината Кравјек.
- За првпат се споменува градот Ѓивнув.
Remove ads
Родени
Починале
- јануари - Ричард де Бург, прв барон на Конахт
- 16 јануари - Херман V фон Баден (р. 1180)
- мај - Хеберт де Бург, прв Ерл од Кент
- 7 мај - Хју де Обињи
- 15 октомври - Хедвига фон Андекс, полски светец (р. 1174)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads