Јиржи Лехечка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јиржи Лехечка (роден на 8 ноември 2001, во Млада Болеслав) - чешки професионален тенисер. Моментално ја зазема највисоката позиција во својата кариера, се наоѓа на 33. место на АТП листата. Моментално тој е најдобро рангиран чешки тенисер во поединечна конкуренција.[1] Досега во кариерата нема освоено ниту една АТП титула во поединечна конкуренција, а меѓу најдобрите резултати кои ги има постигнато се финале на Next Generation ATP Finals 2022 и четвртфинале на Отвореното првенство на Австралија 2023.
Највисокиот пласман во двојки во кариерата му е 214. место, постигнато на 7 март 2022 година.
Remove ads
Биографија
Јиржи Лехечка е син на двајца спортисти. Неговиот татко бил пливач, а неговата мајка била ѕвезда во атлетика. Тој долго време ужива во скијање, возење велосипед и пливање и се сеќава дека за првпат допрел тениски рекет кога имал три години. Неговата баба, која се натпреварувала на национално ниво, ја научила неговата постара сестра да игра тенис, па нормално дека и тој сакал да игра.
За свои идоли Лехечка ги смета поранешните чешки тенисери Томаш Бердих и Радек Штепанек.[2]
Remove ads
Професионална кариера
2020-2021: Две челенџер титули во поединечна конкуренција и три во двојки, топ 150 во сингл, топ 250 во двојки
Лехечка официјално станал професионален тенисер во 2020 година, започнувајќи ја годината на 618. место на АТП листата. Во август тој дебитирал на турнирите од Челенџер серијата, учествувајќи со специјална покана на Челенџерот во Прага, каде ги совладал со 2-0 во сетови Никола Кун и Блаж Рола во првите две кола, пред да загуби од Сумит Нагал од Индија во три сета во третото коло. Следниот месец, тој настапил на Челенџерот во Простејов, каде стигнал до полуфиналето. Годината ја завршил на 335-тото место на АТП листата.
Во 2021 година, Лехечка освоил две Челенџер титули во поединечна конкуренција: првата во Тампере во Финска, каде го совладал Николас Кикер во финалето во три сета (5-7, 6-4, 6-3), а потоа и во Букурешт каде го совладал Филип Хорански во финалето со 6-3, 6-2. Покрај тоа, тој освоил уште три титули на Челенџер турнири во двојки, една во пар со Вит Коприва и две со Зденек Колар.
На крајот од 2021 година, дебитирал во Дејвис купот за чешката репрезентација, играјќи еден натпревар во поединечна конкуренција против Велика Британија во кој загубил од Камерон Нори (1-6, 6-2, 1-6). Годината ја завршил на 141-вото место на АТП листата.
2022: Деби на гренд слем турнирите и мастерсите, првата АТП победа и топ 60

Лехечка се квалификувал за главиот турнир на Отвореното првенство на Австралија, победувајќи ги во квалификациите Мајкл Ммо, Макс Персел и Дмитриј Попко.[3] Тој загубил во првото коло од 26-тиот носител Григор Димитров во четири сета.
На турнирот во Ротердам, тој стигнал до второто коло како квалификант, приредувајќи големо изненадување и победа над петтиот носител Денис Шаповалов со 2-0 во сетови во неговиот прв натпревар од главната ждрепка на некој од турнирите од АТП турнејата.[4] Тој потоа ги победил и Ботик ван де Зандшулп и Лоренцо Музети за да стигне до полуфиналето, каде што бил поразен во три сета од првиот носител Стефанос Циципас. Тој станал најслабо рангираниот полуфиналист во Ротердам од Омар Кампорезе, тогаш светски број 225, во 1995 година. Како резултат на тоа, на 14 февруари 2022 година, тој се искачил за 42 позиции и влегол меѓу првите 100 тенисери на АТП листата на 95-тото место.[5]
На Отвореното тениско првенство на Србија 2022, тој се квалификувал во главната ждрепка на турнирот, но загубил во второто коло од вториот носител, Андреј Рубљов.
На BMW Open повторно се квалификувал во главната ждрепка победувајќи го Алехандро Табило со 6–4, 7–6(7–3) во последната рунда од квалификациите.[6] Тој загубил во првото коло од подоцнежниот победник на турнирот Холгер Руне.
Последователно, тој го направил своето деби на Ролан Гарос и Вимблдон каде што бил поразен уште во првата рунда и на двата турнири.
На Generali Open стигнал до четвртфиналето победувајќи го Тијаго Монтеиро[7] и осмиот носител Жоао Соуса[8] пред да загуби од третиот носител Роберто Баутиста Агут во тесен меч од три сета.
Тој го направил своето деби на УС Опен, комплетирајќи ги со свој прв настап сите четири гренд слеми во една сезона, само за повторно да загуби во првото коло овојпат од Кристијан Гарин.[9]
Тој се квалификувал за Next Generation ATP Finals 2022[10] и стигнал до полуфиналето победувајќи го Матео Арналди.[11] Таму, тој го победил Доминик Штрикер, но во финалето загубил од Брендон Накашима.
2023: Четвртфиналист на Австралијан Опен, први победи на турнирите од Мастерс серијата, топ 40
Лехечка ја започнал својата сезона како најдобро рангиран чешки играч учествувајќи на Јунајтед купот каде што загубил од Тејлор Фриц 3–6, 4–6, но го победи Александар Зверев 6–4, 6–2 во првиот АТП натпревар на Зверев по враќањето од повреда. Лехечка играл и во мешани двојки со Мари Бузкова.
На Австралијан Опен тој направил изненадување на стартот, елиминирајќи го 21-виот носител Борна Ќориќ од Хрватска со максимални 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-3), со што ја забележал својата прва победа на гренд слем турнирите во својата кариера. Потоа, тој бил подобар од Кристофер Јубанкс со 3-1 во второто коло, а во третото во пет сетови остварил победа над 11-тиот носител Камерон Нори (6-7(8–10), 6-3, 3-6, 6-1, 6-4), реванширајќи му се на Нори за поразот во Окленд претходната недела.[12][13] Во продолжение, тој го победил и шесттиот носител Феликс Оже-Алијасим, што била неговата прва победа над тенисер од топ-10 на АТП листата, за да стигне до четвртфиналето во кое загубил од третиот носител Стефанос Циципас.[14] Како резултат на тоа, тој се искачил повеќе од 30 позиции влегувајќи во првите 40 играчи на АТП листата, заземајќи го 39. место на 30 јануари 2023 година.[15] На истиот турнир, тој стигнал и до третото коло во двојки во пар со Алекс Молчан.
На Отвореното првенство на Катар ја забележал својата прва победа над играч од топ-5, совладувајќи го првиот носител на турнирот и светскиот рекет бр. 5 Андреј Рубљов за да стигне до полуфиналето, во кое по три сета и тајбрејк во одлучувачкиот бил поразен од Енди Мари.[16] Во Дубаи, Лехечка загубил од седмиот носител Александар Зверев во првото коло.[17]
Remove ads
Статистика на кариерата
Заклучно со Италијан Опен 2023
АТП финалиња во кариерата
Поединечно: 2 (1 титула, 1 финалист)
Двојки: 1 (1 финалист)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads