Јорданчо Давитков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јорданчо Давитков (Кочани, 12 септември 1963 ) - македонски кошаркарски тренер, и поранешен кошаркар, репрезентативец на Македонија и селектор на истата репрезентација.
Remove ads
Клупска кариера
Како играч
Во својата професионална играчка кариера ја започнал во Работнички, настапувал во него 17 сезони. Во 1998 година се преселил во гостиварски Никол Ферт во кој играл две сезони.[1]
Како тренер
Својата тренерска кариера ја започнал во 2000 година во Никол Ферт,[2] со кој го освоил Купот на Македонија на двапати, во изданијата 2001 и 2002. Сезоната 2002/03 ја започнал во Никол Ферт со кој го освоил Суперкупот 2002. Потоа во февруари 2003 година пристигнал во Поло Трејд,[3][4] за на крај во април да потпише за Балкан Стил.[5][6][7] Сезоната 2003/04 во поголем дел ја минал во Неметали Огражден,[2] сè до пред крајот на сезоната кога му бил врачен отказ. Во јуни 2004 година, Давитков потпишал четиригодишен договор со Ферпшед Работнички.[1][8] Со Фершпед Работнички го освоил освоил Првенството во сезоните 2004/05, 2005/06, како и Купот во 2005 и 2006. По неуспешната сезона 2006/07, Давитков си поднел оставка од кормилото на Фершпед.[9][10] Во декември 2007 година, Давитков потпишал со Струмица 2005.[11][12] Таму останал сè до крајот на март 2008 година.[13] Во мај 2008 година, Давитков ја започнал својата меѓународна кариера во исландски Унгменафелагиo Снаефел.[14] Таму не останал долго и во ноември истата година, Давитков и Снаефел ја прекинале соработката.[15] Во ноември 2008 година, станал бил тренер на кувајтска Ал Кадсија, каде бил до 2011 година. Со Ал Кадсија освоил три домашни првенства и еден кувајтски Куп во 2010 година.</ref>[16] Сезоната 2011/12 ја минал во друг кувајтски клуб, Ал Јахра, со кој бил вицепрвак во Купот. Следната сезона се преселил во ОАЕ, во клубот Ал Васл Дубаи, со кој потпишал едногодишен договор.[17] Од 2015 до 2017 година бил тренер на Ал Шааб, уште еден емиратски клуб.[2][18] Во ноември 2017 година, Давитков потпишал за клубот Банијас од Обединетите Арапски Емирати.[19] Но поради репрезентативните обврски, во декември истата година, Банијас му врачил отказ.[20][21] Во јануари 2018 година, Давитков станал старо-нов тренер на Ал Кадсија.[22][23][24] Токму со Ал Кадсија, Давитков повторно станал првак во кувајтското првенство.[25] Во април 2020 година, тој го напуштил клубот Ал Кадсија.[26][27] Во средината на јануари, Давитков станал тренер на косовска Пеја.[28] Таму не останал долго бидејќи на почетокот на март си дал отказ како тренер и заминал.[29] Но речиси веднаш, на крајот на март, тој пронашол нов ангажман во романскиот клуб Таргу.[30][31]
Remove ads
Репрезентативна кариера
Како играч
На 30 мај 1993 година, Давитков го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[32]
Како селектор на Македонија
Давитков станал селектор на македонската кошаркарска репрезентација во 2001 година, наследувајќи го Марин Докузовски. Во 2003 година македонската репрезентација била суспендирана и преместена во Дивизијата Б. На тоа натпреварување, Македонија учествувала во 2005 година, притоа освојувајќи место за унапредување во А дивизијата. На дополнителните квалификации за Евробаскетот 2007, Македонија не успеала да влезе на завршниот турнир, и поради тоа Јорданчо Давитков поднел оставка.[33]
Подоцна тој станал селектор на кувајтската кошаркарска репрезентација.
Во март 2017 година Давитков бил повторно назначен за селектор на Македонија.[33][34][35] Во претквалификацискиот циклус Македонија завршила на последното трето место неуспевајќи да напредне во квалификациите.[36]
Во септември 2019 година, од страна на македонската федерација, било потврдено дека Давитков нема веќе да е селектор на Македонија.[37][38]
Како селектор на Кувајт
Во август 2011 година, Јорданчо Давитков станал селектор на машката кувајтска репрезентација.[39][40] Таму останал сè до 2012 година.
Remove ads
Успеси
Играчки титули
|
Признанија
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads