Јужна Осетија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јужна Осетија
Remove ads

Јужна Осетија, официјално: Република Јужна Осетија (осетски: Республикӕ Хуссар Ирыстон; руски: Республика Южная Осетия) или Држава Аланија (осетски: Паддзахад Алани; руски: Государство Алания) - реион во Грузија и самопрогласена република. Нејзината независност е призната само од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија.

Кратки факти Најголем град, Службен јазик ...
Remove ads

Име

Грузија на секаков начин се противи да ја признае автономијата на овој регион и да го вметне во официјалните документи називот "Јужна Осетија". Грузиските власти го користат називот "Самачабло" (по фамилијата на кнез Мачабели, кој го управувал тој регион во Средновековието), воведено во употреба од Звијад Гамсахурдија. Во последно време грузиските власти Јужна Осетија ја нарекуваат "Цхинвалски регион" (по името на главниот град Цхинвали). Во административната употреба на поштата цела Јужна Осетија формално влегува во составот на грузиската област Внатрешна Картли.

Remove ads

Историја

На 10 ноември 1989 г. Советот на народните пратеници на Јужно-Осетиската автономна област на Грузиската ССР донесува решение за прогласување на автономна република.

Врховниот Совет на Грузиската ССР признава, дека тоа решение е противуставно, поради што грузиските националисти го обиколуваат Цхинвали и со блокади, кои траат четири месеци. Вооружени престрелки нема.

На 20 септември 1990 г. парламентот на Јужна Осетија прогласува Република Јужна Осетија.

На 10 декември 1990 г. Врховниот Совет на Грузиската ССР спрема решение за прекинување на осетиската автономија.

На 11 декември 1990 г. во Цхинвали во меѓуетничи судири загинуваат 3 цивили. Грузија воведува вонредна состојаба во Цхинвали и Џавскиот регион на Јужна Осетија.

Ноќта помеѓу 5 јануари и 6 јануари 1991 г. во Цхинвали се нанесени тешки порази на милицијата и националната гарда на Грузија.

Низ целата 1991 г. продолжуваат периодични вооружени судири. Започнува бегалска криза во која бегалците се упатуваат кон Северна Осетија-Аланија на руска територија. Во Цхинвали започнуваат да се борат доброволци од Северна Осетија и козаци.

Грузиските сили ги контролираат стратегиските височини околу Цхинвали и воведуваат обрач околу градот, нанесени се многу разорувања и жртви. Тоа и така и не помага на Грузијците да воспостават контрола над административниот центар на Јужна Осетија. Осетијците, кои имаат остар недостиг на оружје и муниција, дејствуваат во мали диверзионистички групи.

За време на распадот на СССР Грузија ја користи својата расположлива воена опрема и вооружување од Закавказскиот воен округ, со која им задава воен пораз на осетските бунтовници.

Воените дејства се прекинати со потпишаните Дагомиски согласности помеѓу Русија и Грузија. на 14 јули 1992 г во зоната на конфликтот се воспоставени миротворски сили кои се состоени од три баталјони (руски, грузиски и осетски).

Дагомиските согласности предвидуваат прекратување на огнот и создавање на орган за регулирање на конфликтот — ‘‘‘Смесена контролна комисия (СКК)’’’, во која влегуваат грузиската и јужноосетиската страна, Русија и Северна Осетија.

Обшто за периодот декември 1990 до јули 1992 како резултат на конфликтот во Јужна Осетија се убиени од 2 до 4 илјади души.

На 12 ноември 2006 се воведува референдум за независност од Грузија паралелно со избори за претседател. На референдумот за независност гласаат 99% од 55-илјадниот електорат, а за претседателот Едуард Кокоити 95%. Референдумот станува широко популарен во Јужна Осетија, но меѓународните набљудувачи се безнадежни. На 13 ноември, Тери Дејвис, генералниот секретар на Советот на Европа го карактеризира референдумот, како „излишен, бесполезен и неправилен“, затоа што „на етничките Грузијци не им било дадено правото да гласаат“.

Remove ads

Административна поделба

Јужна Осетија се дели на 4 реони:

  • Цхинвалиски реон, центар Цхинвал;
  • Ѕауски реон, центар Ѕау;
  • Знаурски реон, центар Знаур;
  • Ленингорски реон. центар Ленингор.

Население, јазик и религија

Религија

Повеќе информации Верници во Јужна Осетија ...



Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads