Северен Повратник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Северен Повратникmap
Remove ads

23°26′16″N 0°0′0″W

Thumb
Северниот Повратник на карта на светот.

Северен Повратник (наречен и Раков Повратник) — замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува Јужен Повратник.

Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се Северниот Поларник, Јужниот Поларник и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.

Повратникот се нарекува и „Раков Повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.

Remove ads

Географија

Thumb
Знаци на автопатот Сарагоса-Викторија во Мексико што ја означуваат положбата на Северниот Повратник за секоја година од 2005 до 2010.

Моментално (епоха 2011) Северниот Повратник лежи 23° 26′ 16″ северно од екваторот.[1] Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на југ со стапка од речиси половина секунда (0,47 или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' СГШ.[2]

На север од повратникот се наоѓаат суптропите и северниот умерен појас. Еквивалентната замислена кружница јужно од екваторот се нарекува Јужен Повратник, а подрачјето помеѓу нив (со екваторот во средина) се нарекува тропски појас.

Remove ads

Места

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:

Повеќе информации Координати, Земја, територија, море ...
Remove ads

Надворешни врски

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads