Јужноарапски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Современите јужноарапски јазици[1][2] или поточно источно јужносемитски јазици се група на загрозени јазици кои се зборуваат од мал број луѓе на Арапскиот Полуостров, поточно во Јемен и Оман. Оваа група е источната подгрупа на јужносемитските јазици, а западната подгрупа ја сочинуваат етиопските семитски јазици. Овие јазици не се директни потомци на древниот јужноарапски јазик, туку потекнуваат од сестрински јазик на овој древен семитски јазик.
Remove ads
Класификација
Според класификацијата заснована на глотохронологијата на Александар Милитарев, современите јужноарапски јазици се дел од јужносемитските јазици.[3][4] Денес не се сметаат за потомци на стариот јужноарапски, туку тие потекнуваат од сестрински јазик на стариот јужноарапски.
Јазици
- мехриски јазик: најголем јужноарапски јазик, кој го зборуваат околу 165,000 луѓе. Околу 76,000 Мехријци живеат во Оман, околу 50,000 живеат во Јемен и околу 40,000 Мехријци живеат како странци во Кувајт и Саудиска Арабија.
- сокотриски јазик: јазик кој се зборува на островот Сокотра во Јемен. Овој јазик е излиран од арапското влијание од Јемен и Арабија. Според податоците од 2015 година го зборувале околу 70,000 луѓе.
- шехриски јазик: овој јазик го зборуваат околу 25,000 луѓе во Оман
- батариски јазик: овој јазик го зборуваат околу 100 луѓе во Оман.
- харсуски јазик: овој јазик го зборуваат околу 600 луѓе во Оман.
- хобјотски јазик: јазикот го зборуваат околу 100 луѓе во Оман и Јемен.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
