Западносемитски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Западносемитските јазици се голема предложена подгрупа на семитските јазици. Една широкоприфатена анализа, поддржана од семитистите како Роберт Хецрон и Џон Хинегард, го делат семитското јазично семејство на две групи: источни и западни. Првата група се состои од мртвиот еблански и акадски јазик, а втората пак го претставува мнозинството на останатите семитски јазици. Оваа група се состои од јасно дефинирани подгрупи: етиосемитски, јужноарабискиот, арапскиот и северозападните семитски јазици (тука спаѓат хебрејскиот, арамејскиот и угаритскиот). Првите два јазика, етиопскиот и јужноарабискиот, прикажуваат особени заеднички одлики, и честопати се групираат заедно како јужносемитски. Правилната класификација на арапскиот во однос на другите семитски јазици е предмет на спор. Според постарите класификации, арапскиот спаѓа во групата јужносемитски јазици. Меѓутоа Хецрон и Хинегард го ставаат во поблиско сродство сосеверозападните семитски јазици, така создавајќи ја централносемитската група. Извесни семитисти продолжуваат со поддршка на старата класификација, која се заснова на карактеристичното својство на преломени множини.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads