Оман

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оман
Remove ads

Оман (арапски: عمان ‘Umān) или официјално Султанат Оман (арапски: سلطنة عُمان Salṭanat ‘Umān) — држава во Југозападна Азија. Оваа држава се наоѓа во југоисточниот дел од Арапскиот Полуостров и граничи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на северозапад, Саудиска Арабија на запад и со Јемен на југозапад.

Кратки факти Султанат Оман سلطنة عُمان Salṭanat ‘Umān, Службен јазик ...

Оман излегува на два големи водени басени. На југ и на исток се наоѓа Арапското Море додека на североисток се наоѓа Оманскиот Залив. Како дел од територијата на Оман се и ексклавите Мусандам и Мада, одвоени од територијата на Оман со ОАЕ.

Главен град на Оман е Мускат и мнозинското население на државата е со арапско, односно семитско потекло. Службен јазик е арапскиот, официјална религија е исламот и државата е апсолутна монархија.

Remove ads

Историја

Thumb
Тврдината Бахла

Оман со векови бил важен трговски центар. Во 1508 година Португалците го заземаат главното пеистаниште, Мускат, и го држат до доаѓањето на Османлиите во 1659 година. Тие се протерани во 1741 година, кога Ахмед ибн Саид ја основа сегашната владејачка династија. На почетокот од 19-от век Оман станува важна регионална сила со поседи во Балуџистан и Занзибар. Од 1891 до 1971 година Оман е британски протекторат.

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Сурски брег.

Огромна пустина покрива поголем дел од централен Оман, со планински масиви, вклучувајќи ги и северниот и југоисточниот делови од брегот, каде што поголемите градови на земјата се наоѓаат, меѓу кои и Мускат- главниот град.

Климата на Оман е топла и сува во внатрешноста и влажна по должината на брегот. Во текот на изминатите епохи Оман била покриена со океан. Фосилизирани школки постојат во голем број во делови на пустината, подалеку од денешното крајбрежје.

Полуостровот Мусандам, кој има стратешка местоположба во Ормускиот Проток, го дели Оман на два дела, односно ексклавата Мусандам е поделена со територијата на ОАЕ.

Оман има уште една друга ексклава, во внатрешноста на територијата на ОАЕ, позната како Мада. Се наоѓа на половина пат помеѓу полуостров Мусандам и остатокот од Оман. Оваа ексклава покрива околу 75 км2. Границата е решена во 1969 година.

Remove ads

Политички систем

Thumb
Палатата на султанот во Мускат.

Шефот на државата и владата е султанот, кој поставува кабинет наречен „диванс“ кој помага во работата на султанот. Во почетокот на 1990-тите години, султанот воспоставил изборен советодавен совет, за кој малкумина Оманци имале право да гласаат. Правото на глас е за оние над 21 година и било усвоено на 4 октомври 2003 година. Над 190.000 луѓе (74% од оние кои биле регистрирани) гласале за изборот на 84 места во советот.

Две жени биле избрани за пратеничките места. Земјата денес има три жени министри Равија бинт Сауд ал Бусаидија - министер за високо образование, Шарифа бинт Халфан ал Јахјаеја - министер за социјален развој и Раџиха бинт Абдуламир бин Али ал Лавати- министер за туризам. Во Оман нема легални политички партии, ниту пак опозициско движење. Младите Оманци кои се враќаат назад во својата држава од студирањето во странство, реагираат на ваквиот систем во државата и сакаат промени во политичкиот систем заснован на племенските заедници.

Административна поделба

Оман е поделен на 11 области („мухафази“) со последната реформа од 2011 г.[5][6][7] Секоја област потоа се дели на вилаети.

  • Дахилија
  • Дахира
  • Дофар
  • Северна Батина
  • Јужна Батина
  • Бурајми
  • Вуста
  • Мусандам
  • Мускат
  • Северна Шаркија
  • Јужна Шаркија

Стопанство

Население, јазик и религија

Околу 75% од населението се ибади (облик на ислам различен од сунизмот и шиизмот), 17% се шии, а 8% се зикри.

Култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads